25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе странски, помалку домашни туристи

Повеќе странски, помалку домашни туристи

turizaam

Бројот на туристите во август годинава изнесува 127.607 и споредено со август лани е зголемен за 11,4 проценти. Во август се регистрирани 586.635 ноќевања, што претставува намалување за 0,9 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Според Државниот завод за статистика, во август оваа година, споредено со август лани, имало повеќе домашни туристи за 7,7 проценти, а странски за 17,8 проценти. Намалени се ноќевањата на домашните туристи за 2,5 проценти, а се зголемени кај странските туристи за 5,5 проценти.

Во периодот јануари-август година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,8 проценти, при што кај домашните туристи има намалување за 2,7 проценти, а кај странските зголемување за 12,5 проценти. Во тој период статистиката евидентира намалување на ноќевањата кај домашните туристи за 0,3 проценти, а зголемување кај странски за 8,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП