3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоаѓа ли светска должничка криза?

Доаѓа ли светска должничка криза?

Економистот Артур Лафер предупредува дека светот се соочува со должничка криза која ќе продолжи во следните 10 години и нема да заврши добро откако глобалното задолжување достигна рекордно ниво во септември минатата година.

И земјите со високи приходи и пазарите во развој забележаа значителни зголемувања на нивните долгови, кои се зголемија за 100 трилиони долари во споредба со пред една деценија, делумно поттикнати од опкружувањето со високи каматни стапки.

„Предвидувам дека следните 10 години ќе бидат декада на долгови. Глобалниот долг се приближува до својот врв. Нема да заврши добро“, изјави Лафер, претседател на инвестициската советодавна фирма „Laffer Tengler Investments“ за „CNBC“.

Како дел од глобалниот бруто домашен производ, долгот се зголеми на 336%. За споредба, во 2012-та година просечниот сооднос на долгот и БДП за напредните економии беше 110%, а за економиите во развој – 35%. Во четвртиот квартал од 2022-ра година таа изнесуваше 334%, според најновиот извештај на Институтот за меѓународни финансии.

Доаѓа ли светска должничка криза?

За да се исполнат исплатите на долгот, се проценува дека околу 100 земји ќе треба да ги намалат трошоците за критичната социјална инфраструктура, вклучително здравството, образованието и социјалната заштита.

„Земјите кои ќе успеат да ја подобрат својата фискална позиција би можеле да имаат корист од привлекување работна сила, капитал и инвестиции од странство, додека оние кои пропаѓаат би можеле да изгубат талент, приходи и повеќе“, вели Лафер.

„Некои од поголемите земји кои нема да ги решат своите должнички проблеми ќе умрат со бавна фискална смрт. Некои економии во развој веројатно ќе банкротираат“, додава тој.

Зрелите пазари како што се САД, Велика Британија, Јапонија и Франција беа одговорни за повеќе од 80% од зголемувањето на долгот во првата половина од минатата година. Додека на пазарите во развој, најизразен пораст има во Кина, Индија и Бразил.

Економистот предупредува дека отплатата на долгот ќе стане се поголем проблем бидејќи населението во развиените земји продолжува да старее, а работната сила станува се поретка.

„Постојат два главни начини да се реши овој проблем: зголемување на даноците или раст на економијата побрзо од стапката на акумулација на долгот“, вели тој.

Коментарите на Лафер дојдоа по одлуката на Федералните резерви на САД да ги остави каматните стапки непроменети во јануари, со што ги уништи надежите за намалување на стапката во март.

Главен фокус и во Давос

Темата за глобалниот долг беше централна и за време на Светскиот економски форум во Давос. Говорејќи на настанот, главниот извршен директор на Институтот за меѓународни финансии (IIF), глобалната асоцијација на индустријата за финансиски услуги, предупреди дека креаторите на политиката мора брзо да ги решат рекордните нивоа на глобален долг, опишувајќи ја претстојната криза како „огромен фискален предизвик“.

На темата истакна и главниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, Тим Адамс.

„Имаме глобален проблем со долгот. Имаме највисоки нивоа на невоени долгови во модерната историја, на корпоративно, домаќинство, суверено и подсуверено ниво“, предупреди Адамс.

„Имаме огромен фискален проблем насекаде, вклучително и во САД, каде што дефицитот е 7% од БДП. Ни треба трезвено размислување и треба да се фокусираме на тоа како да ја доведеме во ред нашата фискална куќа“, истакна Адамс.

Главната трговска групација на глобалната банкарска индустрија предупреди дека во третиот квартал на 2023-та година, глобалниот долг се искачи на рекордни 307,4 трилиони долари, со значителни зголемувања забележани и во земјите со високи приходи и во пазарите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП