3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие четири знаци велат дека ви недостасуваат јаглехидрати

Овие четири знаци велат дека ви недостасуваат јаглехидрати

Заедно со протеините, јаглехидратите се важни макронутриенти кои се наоѓаат во храната.

Иако се смета дека тие се одговорни за акумулацијата на вишокот килограми, недостатокот на јаглехидрати може да му наштети на здравјето.

Нутриционистот Никола Лудлам Рајне вели дека преработените јаглехидрати треба да се елиминираат, но секако не сите. Јаглехидратите се гориво што му е потребно на телото да се движи и мозокот да размислува.

Така, доколку избегнувате јаглехидрати, можете да очекувате проблеми, а еве кои се симптомите кои откриваат дека ви недостасуваат во организмот.

Недостаток на енергија

Со оглед на тоа што се гориво за организмот, доколку целосно го намалите нивниот внес, веројатно ќе забележите дека имате помалку енергија. Иако нашето тело може да користи други работи за енергија, јаглехидратите ќе ја понудат побрзо и телото ќе функционира подобро.

Магла во мозокот

На мозокот му е потребна гликоза за да функционира правилно. Така, кога не јадете доволно јаглехидрати, може да се најдете во лошо расположение и да се борите да се концентрирате. Заедно со протеините, тие ќе помогнат во производството на триптофан, кој се претвора во серотонин, попознат како хормон на среќата.

Јаглехидратите можете да ги добивате од цели зрна, овошје и зеленчук, кои исто така ќе понудат многу влакна и есенцијални минерали за благосостојбата на целото тело.

Помалку енергија за вежбање

Телото ги складира јаглехидратите како гликоген во црниот дроб и мускулите, а тие се користат за енергија која им е потребна на сите спортисти, без разлика на спортот што се занимаваат, дури и брзо одење, а особено им се потребни на оние кои се занимаваат со интензивни активности како што се „HIIT“ програмите.

Ако не внесувате доволно јаглехидрати, нема да бидете успешни како и обично во тренинзите и може да страдате од болки во мускулите или главоболки.

Тешко закрепнување после тренинг

Не само што ќе послужи како гориво за тренинзите, туку ќе помогне и за опоравување после тренинг. Бидејќи на телото му се потребни хранливи материи после тренинг, дефинитивно се препорачува да се користат јаглехидрати за овие цели. Ако телото не се опорави правилно, болката во мускулите е неизбежна и ќе напредувате побавно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП