3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на минималната плата можност или страв од зголемување и на останатите...

Растот на минималната плата можност или страв од зголемување и на останатите плати?!

Од следниот месец минималната плата ќе изнесува 22 500 денари. Тоа ќе биде законски утврдениот најнизок износ кој работодавачите ќе имаат обврска да го исплатат на вработените за еден месец.

Властите уверуваат дека за континуираното зголемување на минималецот поддршка има од страна на бизнис секторот. Но, дел од стопансвениците велат дека растот на минималецот ќе предизвика раст и на останатите плати, а за тоа баш и немаат доволно средства. Синдикалците велат дека ваквиот раст на минималната плата мора да продолжи и во иднина.

Фино изгледа и добро звучи покачување на минимална плата, но тоа во суштина подразбира и зголемување на сите останати плати во стопанството, велат за Денар од Сојузот на стопански комори. Со вакви услови за работа кои бизнисмените ги имаат во моментов, потиснати од неколку годишните кризи ќе биде многу тешко да се обезбедат средства доволни за сите, додаваат бизнисмените.

Информацијата кој ја објави УЈП дека во ноември 20 илјади вработени не земале плата според нив е доволен показател каква е состојбата во приватниот сектор. Стопанствениците велат дека кризата продолжува, а на компаниите не им е лесно. Сојузот на стопански комори е на став дека овие прашања можеа многу полесно да се решаваат и самото замрзнување на цените на прехранбените производи, и со останатите мерки. Тие велат – можеше да се реши на многу поквалитетен и посоодветен начин.

„Растот на минималната плата ќе значи дополнителен раст на трошоците на компаниите, затоа што не е само минималната плата во дадената компанија што ќе се зголеми. Директно, минималната плата прави притисок и врз останатите плати во компаниите за да се зголеми вредноста, затоа што на даден вработен кој што е на одредена позиција доколку му ја покачите цената нормално е дека неговиот колега го гледаат тоа и сите реагираат дека треба и останатите да добијат зголемување на платите. А тоа ќе се случи во сите компании“, велат од ССК.

Во изминативе шест години со оваа влада се зголеми минималната плата четири пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година. Континуираното зголемување на минималицот според власта е резултат на стабилноста и условите за работа кои ги има бизнис секторот во државата.

„Зголемување на минималната плата од март годинава е поддржано од Организацијата на работодавачи, а за мал дел од работодавачите кои не ќе може да ја исплатат платата, ќе бидат помогнати со Законот за субвенционирање за зголемување на плати, којшто дава можност за ослободување од плаќање придонеси. “

Во ова време на недостаок на работен кадар последно што треба да се зборува е темата за платите на работниците, велат од ССМ. Платите мора да растат а усогласувањето на останатите плати на вработените во компаниите е неминовен процес. Синдикалците ги повикуваат државните институции да водат засилена контрола и соодветно да ги санкционираат непочитувачите на Законот за минимална плата.

„Потсетуваме дека во Член 2 од Законот за минимална плата пропишано е дека ,,Минимална плата е најнискиот месечен износ на основната плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време”, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Во однос на просечната плата во државата пак, таа се движи нешто над 38 илјади денари. Информатичките и дејностите од областа на финансиите се најплатени во Македонија, а пак адмистративните и услужните дејности се помеѓу пониско платените професии.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП