22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајновиот LG G2 супер паметен телефон ексклузивно во понудата на Вип...

Најновиот LG G2 супер паметен телефон ексклузивно во понудата на Вип

oooooo

Вип оператор ексклузивно го донесе во Македонија најновиот супер паметен телефон на LG, моделот LG G2. Супер паметниот телефон LG G2 е биде достапен во салоните на Вип и тоа по цена од 7499 денари во Вип постпејд. Супер паметниот телефон LG G2 е првиот модел на оваа компанија во рамките на новата премиум G серија. Се работи за телефон чија технологија и дизајн произлегуваат од потребите на корисниците и нивните навики, што се добиени преку детални истражувања на пазарот.

Овој модел на LG нуди целосно нов и напреден анатомски дизајн, но тоа што дополнително го прави ексклузивен овој телефон се неговите напредни опции. LG G2 е првиот паметен телефон кој има функционални опции на задната страна на телефонот, со што на корисниците им се овозможува дополнителна контрола при изборот на функции, а истовремено на овој начин се намалува ризикот за пад на телефонот при разговор

„Ексклузивно за нашите корисници, Вип оператор повторно прв на Македонскиот пазар го носи најновиот LG G2, неверојатен паметен телефон кој веќе се докажа како хит на поголемите светски пазари. Ова е само уште еден доказ дека покрај одличните цени и услуги, како и супериорното корисничко искуство, им ја нудиме можноста на нашите корисници да бидат првите во Македонија кои ќе уживаат во најновите технолошки достигнувања во мобилните комуникации“,  изјави Џакомо Тоњони , главен маркетинг директор на Вип оператор.

Компанијата LG Electronics преку овој модел на супер паметен телефон го претстави и најновиот Full HD екран со дијагонала од 5,2 инчи.

LG G2 супер паметниот телефон има камера од 13 мега пиксели со одлични перформанси и поседува оптички стабилизатор на сликата со што се избегнува заматувањето на сликата при фотографирање, како и стабилен фокус при фотографирање, како кај дигиталните фотоапарати.

LG G2 има Аudio Zoom кој е навистина одлична функција за сите оние кои бараат звук до перфекција. Со LG G2 корисниците имаат можност да го подобрат самиот квалитет на аудио записот, преку т.н. „зумирање“ на одреден објект или на звукот кој доаѓа од тој објект, кој на тој начин доаѓа во преден план.

Дополнително корисниците можат едноставно само да „чукнат“ и телефонот да се разбуди. LG G2 ги препознава движењата на корисникот и е подготвен за користење со едноставно притискање два пати на екранот, благодарение на т.н Knock On можност.

Со Guest Mode функцијата, корисникот одлучува кои апликации и опции на телефонот ќе му бидат достапни само нему,  а кои на сите оние кои дополнително го користат истиот LG G2. Оваа опција овозможува корисникот да креира различни шифри на отклучување на телефонот за различни профили на користење. со тоа  LG G2 е безбеден дури ако го земе во раце и дете.

Со опцијата Zoom to Track корисникот може да гледа видео клипови на интерактивен начин, едноставно преку одбирање на објект во видеото кој се движи и негово зумирање, со што се создава чувство како корисникот да  се наоѓа зад камерата и снима – дури и откако го снимил клипот.

 

За првите купувачи на овој престижен паметен телефон корисниците имаат  уникатна можност да добијат подарок Quick Window Case.

lg

 

Главни карактеристики на LG G2:         

 

  • Android Jelly Bean 4.2.2
  • 5,2” Екран
  • 13 MP камера OIS технологија

(со 2.1 MP предна камера)

  • Процесор: 2.26GHz Quad – Core Qualcomm Snapdragon 800
  • 3.000 mAh батерија
  • Димензии: 138.5  x 70.9 x 8.9 mm
  • Тежина: 135 грама
  • Меморија 16GB

 

Повеќе информации корисниците може да добијат на телефонскиот број на контакт центарот  077 1234 или на  www.vip.mk или на www.lge.com

 

Контакт:

Вип оператор
Даниела Начевска Стојчевска
Корпоративни комуникацииТел. ++389 77 77 00 11
e-mail: [email protected]

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП