17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавна дебата и презентација на концептот за стопанисување со проектот „Македонско село“

Јавна дебата и презентација на концептот за стопанисување со проектот „Македонско село“

makedonsko

Владата на Република Македонија денеска ќе организира јавна дебата и презентација на концептот за стопанисување со проектот „Македонско село“.

Се работи за туристички комплекс од 12 куќи и секоја ќе симболизира регион од Македонија.
Проектот се очекува да ја зголеми туристичката посетеност на Скопје.

Целта на презентацијата е бизнис-заедницата и јавноста да дадат идеи и сугестии за функционирањето на комплексот „Македонско село“ за да се обезбеди најдобар модел кој ќе биде вграден во тендерот за негово давање под концесија.

Конкурсот за избор на концесионер се очекува кон средината на ноември. Предвидено е во јануари 2014 комплетно да заврши изградбата на тој туристички капацитет и да биде избран концесионерот кој ќе стопанисува со него.

– Целта на Владата е да најде најдобар модел кој ќе биде содржан во рамките на конкурсот за избор на концесионер и на тој начин да се оствари од една страна профитабилен деловен потфат за субјектот кој ќе го стопанисува комплексот, а од друга страна да се обезбедат содржини, модалитети, атрактивност, интензивна посетеност што ќе биде од корист за граѓаните, изјави минатата недела владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП