27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е можна причина за мигрена, болката не е поврзана со главата

Ова е можна причина за мигрена, болката не е поврзана со главата

Тензичните главоболки и мигрените се најчестите типови на главоболки, но точната причина за овие состојби сè уште не е утврдена. Сепак, тим научници од Германија дошле до интересни наоди.

Тие проучувале магнетна резонанца на 50 пациенти за да ја анализираат поврзаноста помеѓу зачестеноста на главоболката, болката во вратот и движењето на мускулите на лицето. Особено, тие се фокусираа на трапезиусните мускули – големите триаголни ткива што се протегаат низ задниот дел на вратот и рамената и водат до главата и лопатките на рамената.

Истражувачите откриле дека оние кои страдаат и од главоболки од типот на напнатост и од мигрена покажуваат поголемо оптоварување на тие мускули на вратот. Со други зборови, главоболките се резултат на буквално болка во вратот.

Скеновите со магнетна резонанца покажаа дека учесниците во студијата во деновите кога страдале од болки во главата и вратот, исто така, покажале повисоки нивоа на стрес во вратот, што укажува на тоа дека тие мускули биле воспалени.

Ова ги наведе експертите да заклучат дека воспалението во вратот, кое може да се развие поради неколку причини, вклучувајќи лошо држење на телото, недостаток на сон, повреда и стрес, може да биде поврзано со тензични главоболки и мигрена.

„Нашите наоди ја поддржуваат улогата на мускулите на вратот во патофизиологијата на примарните главоболки. Затоа, третманите насочени кон мускулите на вратот може да доведат до истовремено олеснување на болката во вратот и главоболката“, рече доктор Нико Солман.

Солман истакна дека неинвазивните опции за третман кои се насочени кон местото на болка во мускулите на вратот, како масажа или акупунктура, можат да бидат многу ефикасни и побезбедни од лековите.

Според Американската фондација за мигрена, двајца од тројца возрасни во САД страдаат од тензични главоболки, а повеќе од 37 милиони Американци страдаат од мигрена. Сепак, и покрај големите статистички податоци, универзалниот третман и лек сè уште не се пронајдени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП