30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ„Кршењето“ на пенисот е често за време на празниците: Статистиката е шокантна,...

„Кршењето“ на пенисот е често за време на празниците: Статистиката е шокантна, а еве што велат експертите

Истражувањето кое покажува зголемување на фрактури на пенисот за време на новогодишните и божиќните празници е интригантно и ја нагласува важноста на свесноста за овој ризик.

Позите како „doggy“ и „cowgirl“ се идентификувани како особено опасни. Иако пенисот се состои од ткиво и не содржи коски, може да дојде до фрактура под одредени услови кога е изложен на остри или тапи „сили“ и е итен случај кој бара лекарска помош, пренесува „Daily Mail“.

Како настанува фрактура на пенисот?

Фрактура на пенисот се јавува кога органот е изложен на остра или тапа „траума“, што може да се случи за време на интензивен секс или мастурбација.

Од 1924-та година, во светот се регистрирани 1.600 случаи, што е околу 16 случаи годишно. Во 50% од случаите се слуша „поп“ звук, додека четвртина од мажите ја губат ерекцијата. Оштетувањето може да доведе до еректилни проблеми и болен секс, пишува „Daily Mail“.

Во 2017-та година, маж од јужна Кина доживеа фрактура на пенисот за време на секс. Лекарите откриле дека неговиот пенис е во необична положба и отечен, сличен на обликот на модар патлиџан. Дијагностицирана му е фрактура по оштетување на сунѓерестото ткиво познато како кавернозно тело, кое овозможува ерекција. Според сексологот Трејси Кокс, клучот е во полесните движења за време на сексот и поблискиот контакт со партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП