2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАИнспекторите ќе вршат контроли на храната пред празниците, акцент ставен на новогодишните...

Инспекторите ќе вршат контроли на храната пред празниците, акцент ставен на новогодишните пакетчиња

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници.

Се проверува дали и колку се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама.

Во овој период акцент со контролите е ставен на новогодишните пакетчиња за деца, при што се контролира рокот на употреба на производите што ги содржат, како и означувањето.

Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности од аспект на безбедноста кај оваа категорија производи. Кај некои оператори исклучок е означувањето на задолжителните информации, каде што недостигаат декларации на македонски јазик.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до граѓаните да бидат одговорни купувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти, кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната граѓаните може да ја пријават во Агенцијата лично, телефонски, на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 или електронски на [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП