7 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИАмериканскиот долар пропаѓа!!!

Американскиот долар пропаѓа!!!

The-Death-Of-The-Dollar

Во пресрет на денешниот ден анализирајки повеќе валутни парови поврзани со американскиот долар констатираме дека доларот е потиснат од сите други главни светски валути и најверојатно ќе продолжи да тоне!

Дефинитивно случувањата од претходната недела во конгресот на САД предизвикаа кризна паника и зголемена недоверба кај инвеститорите, а сето тоа очигледно се одразува и кај американската валута, доларот, кој значително ја губи својата вредност и тоне во однос на останатите светски валути каде пак насекаде се подобруваат економските резултати, а посебно во еврозоната.

Кај највлијателниот форекс пар EUR/USD веројатно растечкиот тренд продолжува, моменталната цена 08:00 по македонско време е на 1,3565 над тренд линијата по графичкиот приказ и во нагорен канал, а се очекува деновиве да сруши нов највисок рекорд до цена според фибоначи нивото на 161,8% или на цена 1,3815.

eus

Цената на валутниот пар USD/JPY или американски долар во однос на јапонски јен подолг период се наоѓа во зоната помеѓу цена 100,00 и 97,00 или стручно кажано во “Range” но јасно се гледа на графиконот дека се одбива од тренд линијата под цена од 98,00 јени за еден американски долар и најверојатно ќе се спушти до следната цена на поддршка и психолошко ниво 95,50.

uss

Британската фунта можеби е и најсилна валута во однос на сите други главни валути и забележа најголем скок во однос на доларот со рекордно високи цени над 1,6000 до 1,6250 во претходната недела, за да се корегира на првата поддршка на цена 1,5960, а се очекува уште еден засилен растечки бран како повторно цената би се искачила на највисокиот врв на цена 1,6250.

pss

Американскиот долар во однос на швајцарскиот франк исто така е во опаѓање од средината на месец мај оваа година, историски гледано формираше корективни формации подолг период се до претходниот месец кога рекордно се спушти под највлијателната поддршка на 0,9150. Испод тоа ниво има отворен пат кон “провалијата” и во секој момент се очекува оштар пад под психолошкото ниво 0,9000. Цената најверојатно ќе се спушти до 0,8950 во оваа недела.

ioss

Канадскиот долар оваа недела покажува голема јачина, како резултат на минатонеделните податоци за вработениот сектор во оваа моќна држава и значително расте во однос на повеќето главни валути, а тоа значи дека најголем раст ќе забележи токму спрема најслабата валута денес американскиот долар. Доколку прогнозата се оствари најверојатно ќе проследиме еден “водопад”, а таргетна цена околу 1,0145.

lklkl

Австралискиот долар како што ви најавивме пред 3 недели по нашата анализа праволиниски расте во однос на американскиот долар без никаква корекција. Австралиецот расте и во однос на сите други валути и е буквално лидер во Г7 групата. Цената на валутниот пар AUD/USD моментално пробива уште еден значителен отпор на психолошкото ниво 0,9500 и доколку продолжи да расте најверојатно следува нова рекордна цена на 0,9650.

Доколку се одлучите да го продавате американскиот долар во однос на некоја од предложените валути според анализите, ве молиме да внимавате на ризикот при големината на трговските налози, т.е да не се ризикува повеќе од 2% од вкупните слободни средства на вашите форекс сметки!

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП