26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДефинитивно крај за Defender

Дефинитивно крај за Defender

defender

„Land Rover“ потврди дека во средината на оваа декада ќе заврши со производството на својот најпознат и најдолговечен модел кој се изработува од 1948-та година.

Веста ја пренесе „Autonews“, цитирајќи го портпаролот на компанијата кој изјавил дека „Defender“ се укинува од „правни причини“. Тој не прецизираше за што точно станува збор, но се претпоставува дека се во прашање безбедносните норми и еколошките стандарди.

Една од причините би можела да биде и слабата продажба, со оглед дека во првите осум месеци од 2013-та година во Европа биле испорачани само 561 возило.

defender1

„Defender“ ќе има свој наследник, но ќе биде во целост различен и современ модел, кој се очекува да се најде во продажба тек на крајот од оваа деценија. Со оглед дека „Land Rover“ уште во 2011-та година го претстави концептот „DC100 Concept“, кој би требало да послужи како основа за новиот модел, па се поставува прашањето зошто толку доцнат?

Според аналитичарите, една од причините е тоа што „Land Rover“ бара ново конструктивно решение, со кое би требало повеќето челични материјали да се заменат со полесни од алуминиум. Новиот модел би бил базиран на актуелниот „Range Rover“, а можно е компанијата да ја прекине досегашната традиција и производството да го пресели во Индија.

Од 1948-та година продадени се два милиони примероци од „Land Rover Defender“. Возилото стекна репутација како еден од најиздржливите теренци, а го користат различни јавни служби, како и полициски и воени сили во голем број на држави ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП