20 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

berza

 

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(07.10 – 10.10.2013)

 

 

Неделата што е зад нас и во која имаше четири трговски денови, не донесе ништо ново на македонскиот пазар на капитал кога е во прашање интензитетот на тргувањето. Прометот остана на ниски маргини и главно беше креиран од тргувањето со државните обврзници од денационализација. Единствено индексот МБИ-10 после двонеделниот пад успеа да забележи неделен пораст од +0,93%, што се должеше главно на порастот на цените на акциите на Макпетрол АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје.

Прометот изминатата недела достигна 23,8 милиони денари во редовно тргување, а имаше и една блок трансакција со акциите на Југоопрема АД Скопје во вредност од 6,4 милиони денари. Во структурата, како што веќе напоменавме, доминираше прометот со обврзниците од денационализација кој во вкупниот промет учествуваше со 40%. Од акциите, најтргувани беа акциите на Алкалоид АД Скопје со неделен промет од 3,3 милиони денари, ЗК Пелагонија АД Битола со 2,8 милиони денари, Македонијатурист АД Скопје со 2 милиони и Макпетрол АД Скопје со 1,4 милиони денари реализиран неделен промет.

Вниманието изминатата недела го привлче акцијата на Стопанска банка АД Скопје и објавата во некои медиуми дека мнозинскиот акционер – Националната банка на Грција ќе ги продава до 2017 година својот удел во банките во регионот каде што е присутна. Следеше демант од банката, дека официјално не е пристигнато никакво соопштение за преземање на таков чекор од страна на мнозинскиот акционер, но сепак страстите на берзата се загреаја што влијаеше и врз раст на цената на акцијата (сепак со минимална истргувана количина од само 50 акции поради отсуството на продажни налози).

На регионалните берзи индексите имаа минимални корекции на своите вредности. SBI10 неделата ја заврши со пораст од +0,07%, Crobex забележа беззбачаен пад од -0,05%, Belex имаше неделен пораст од +0,73%, додека Sofix имаше пад од -0,02%.

Цените на акциите на Wall Street забележаа силен раст во последните два дена од минатата недела, пред се поради очекувањата на инвеститорите за скорешно постигнување на договор за плафонот на американскиот држаен долг. DOW JONES неделата ја заврши со пораст од +2,01%, NASDAQ имаше пораст од +0,57%, а S&P 500 неделата ја заврши со пораст од +1,62%. Очекувано, оптимизмот од САД се пренесе и на европските берзи, па и тие неделата ја завршија во „солидна“ позитива. DAX забележа неделен раст од +1,55%, FTSE 100 имаше раст од +0,78%, додека францускиот CAC 40 имаше пораст од +1,31%. На азиските берзи присутна беше истата тенденција на пораст, јапонскиот NIKKEI 225 имаше силен неделен раст од +3,98%. HANG-SENG пак неделата ја заврши со пораст од +1,06%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП