28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Извршниот директор на Телеком задолжен за финансии Миленко Џелетовиќ не ја исклучи можноста за продажба на таа компанија ако парите се вложат во развојни проекти. Тој додаде дека секогаш има заинтересирани за купување на Телекомот. – Заинтересирани има секогаш, тоа е атрактивна и моќна компанија и сигурно дека ќе размислиме околу тоа. Не е баш сеедно на кого ќе се продаде, ако се продаде, бидејќи мораме да ја согледаме и развојната програма, потенцијали и можноста за вработување – рече за Танјуг Џилетовиќ, кој е и координатор на Економскиот совет на СНС.

Белград – Претседателот на Унијата на фурни на Србија Зоран Пралица изјави дека лебот и другите пекарски производи нема да поскапат поради зголемената стапка на ДДВ, од 8 на 10 отсто. – Нема да се покачува цената на лебот. Цената на лебот од 500 грама од брашно од типот Т500 останува во рамки на максималниот износ од 46 динари. Тоа е став на Унијата на пекари и договор со ресорните министри – рече Пралица.

Загреб – Директните странски инвестиции во Хрватска во првото полугодие оваа година изнесувале 426,9 милиони евра. Најмногу инвестирале инвеститори од Германија, а најголеми средства привлекле поштата и телекомуникациите, покажуваат прелиминарните податоци на Хрватската народна банка ХНБ. Централната банка во статистиката на директните странски инвестиции не дава споредба со истиот период лани, а според претходните објавени податоци од платниот биланс, во првото полугодие оваа година во однос на истиот перид лани, се бележи раст од вкупни инвестиции за 7,4 отсто, пренесе Хина.

Белград – Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување ги повикува сите корисници на пензии од Хрватска, кои живеат во Србија, да извадат личен идентификациски број (ОИБ). Фондот ПИО ги повикува корисниците на хрватски пензии да пополнат барање за добивање на личен идентификациски број (ОИБ) и да го испратат во подрачната канцеларија на даночната управа на Хрватска. На тие кои нема да достават барање до крајот на октомври, пензиите нема да им се исплатат, соопшти ПИО фондот на Србија.

Загреб – Во следните два месеца во Хрватска во процесот на приватизација ќе влезат морските пристаништа во Риека, Плоче, Задар и Шибеник, Хрватска лотарија, Кроација Ерлајнс. Ќе се приватизираат и Народне новине, речното пристаниште во Вуковар, како и Петрокемија, изјави претставникот на Државната канцеларија за управување со државен имот ДУУДИ, Младен Пејновиќ. Владата, која оваа распродажба ја нарекува Втор круг на приватизацијата, се одлучи следната година делумно или целосно да приватизира 28 хрватски државни компании.

Москва – Економистите во руската влада ги анализираа ефектите од влезот на нивната земја во СТО и заклучија дека некои домашни клучни стопански гранки доживеале нокаут. Влезот во Светската трговска организација, според нивно мислење, не бил добар поради силната странска конкуренција и проблемите на повеќе извозни пазари. Анализата која ја подготви руското министерство за индустрија покажува дека увозот на најважните производи од црната металургија, во првото полугодие на оваа година во однос на истиот лански период, е зголемен десет пати, иако се сметало дека влезот во СТО најмногу ќе користи на таа гранка.

Пекинг, Вашингтон – Кинеските државни медиуми возвратија на САД една недела пред можното банкротство, повикувајќи на прекин на фабрикуваната криза, која се заканува на светската економија. Весникот Чајна дејли пишува дека пет години по глобалната финансиска криза, жално е што САД сега го доведуваат во прашање слабото глобално зајакнување со свои непотребни политички судири. – Зачудувачкиот неуспех на американскиот Конгрес националните потреби да ги стави пред политичките интереси предизвика страв меѓу инвеститорите и владите ширум светот, па почна да се размислува за незамисливото – наведува весникот.

Париз – Стапката на невработеност во богатите земји мируваше во август на 7,9 отсто, а без работа беа дури 47,8 милиони луѓе, соопшти ОЕЦД. Невработеноста во август во еврозоната остана висока и изнесуваше 12 отсто, додека во САД се намали на 7,3 отсто. Од друга страна пак во Јапонија порасна за 0,3 на 4,1 отсто, наведе Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД.

Москва – Руската национална авионска компанија Аерофлот регистрираше сопствена нискобуџетна компанија Добролет, соопштено е во седиштето на најголемиот руски авионски превозник. Според претходната најава на Аерофлот, билетите за ефтини летови во организација на новата компанија ќе можат да се купат само преку интернет, а цените треба да бидат пониски за околу 40 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП