29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБренсон ja напушта Велика Британија поради даноците

Бренсон ja напушта Велика Британија поради даноците

ricard brenson

Милијардерот Ричард Бренсон ќе ја напушти родната Британија, а причината за тоа се премногу високите даноци.

Тој има во план да се пресели на својот остров во Карипското Море. Личното богатство на 63-годишниот Бренсон се проценува на 4.5 милијарди долари. Тој ќе се пресели на островот Некер во близина на Вирџинските острови кои се офшор зона.

Таму корпоративното оданочување е симболично, за разлика од Велика Британија.

Бренсон се одлучил да го напушти Островот, бидејќи даночните власти не ја признаваат неговата огромна добротворна работа.

Сопственикот на корпорацијата „Virgin“ троши многу пари и за своите „луди“ идеи – да го обиколува светот со балон или со брод. Според последните информации неговиот најнов бизнис проект е да праќа туристи во вселената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП