17 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЛавров изигнориран во Скопје: Блинкен, Борел и Камерон ја напуштија Македонија пред...

Лавров изигнориран во Скопје: Блинкен, Борел и Камерон ја напуштија Македонија пред да слета авионот на рускиот министер(ВИДЕО)

Во пресрет на Самитот на ОБСЕ, на неформална вечера во Скопје присуствуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на ЕУ и Велика Британија, Џозеп Борел и Дејвид Камерон, по што сите тројца побрзаа да ја напуштат Македонија пред авионот на рускиот министер да слета.

Унапредувањето на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу земјите треба да бидат главните пораки на дводневниот Самит на ОБСЕ што в четврток и петок се одржува во нашата земја.

Авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров слета во Скопје. Иако Бугарија го отвори воздушниот простор за прелетување на авионот, Лавров ја избегна Бугарија и влезе во Северна Македонија преку Туција и Грција.

Претходно, американскиот државен секретар Ентони Блинкен допатува во Скопје на неформална вечера во пресрет на дводневниот Самит на ОБСЕ.

Блинкен, сепак, веднаш по вечерата го напушти Скопје за да избегне да биде во иста земја во исто време со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, и министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Камерон, исто така, избегнаа средба со Лавров.

„Ќе присуствувам на официјалната вечера, но ќе морам брзо да се вратам поради другите средби во Брисел“, рече Борел.

Борел го разбира незадоволството на многу земји поради доаѓањето на Лавров, но смета дека шефот на руската дипломатија ќе добие јасна порака.

„Лавров треба да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра можност директно да се слушне од учесниците на состанокот зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа може да се врати и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети против однесувањето на агресивната Русија“, изјави Борел во Скопје.

Во салата на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, генералниот секретар на НАТО Столтенберг не сакаше да го коментира прашањето дали е добро земјите од НАТО да учествуваат на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија поради очекуваното присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, поради доаѓањето на шефот на руската дипломатија веќе го откажа учеството. Балтичките земји и Полска, во знак на протест поради присуството на Лавров во Скопје, не испратија свои министри за надворешни работи, туку делегации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП