3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговијата меѓу ЕУ и Русија останува ниска, со исклучок на вештачките ѓубрива...

Трговијата меѓу ЕУ и Русија останува ниска, со исклучок на вештачките ѓубрива (ИНФОГРАФИК)

Трговијата на Европската унија со Русија е сериозно погодена од ограничувањата наметнати на увозот и извозот по руската инвазија на Украина, покажуваат податоците на Евростат.

И извозот и увозот се на нивоа значително под оние што му претходеа на почетокот на војната. Сезонски прилагодените бројки покажуваат дека уделот на Русија во увозот на ЕУ од надворешни земји паднал од 9,5% во февруари 2022-ра година на 2% во септември 2023-та година, додека уделот на Русија во извозот од ЕУ паднал од 3,8% на 1,4% во истиот период. Во исто време, има враќање на увозот на вештачки ѓубрива на нивоата од предруската инвазија.

Трговија со стоки меѓу ЕУ и Русија од јануари 2021 до септември 2023 година Графикон: Евростат.

Во март 2022-ра година, максималниот трговски дефицит со Русија изнесуваше 18,6 милијарди евра поради високите цени на енергетските производи. Овој дефицит падна на 0,1 милијарда евра во март 2023-та година и не се промени значително до септември 2023-та година, кога се искачи на 1 милијарда евра. На оваа промена силно влијае падот на увозот од Русија.

Уделот на Русија во увозот од земји кои не се членки на ЕУ опадна за повеќето од главните производи. Природниот гас, нафтата, никелот, железото, челикот и ѓубривата сочинуваат околу две третини од вкупниот увоз од Русија во ЕУ.

Во периодот помеѓу третиот квартал од 2021-ва година и третиот квартал од 2023-та година, учеството на Русија во увозот на природен гас значително се намали (-27 процентни поени), додека увозот од САД се зголеми (+14 процентни поени), Норвешка (+ 7,6 п.п.) и Алжир (+5,5 п.п.).

Слична е состојбата и со увозот на нафта, бидејќи учеството на Русија се намали за 25 п.п., додека увозот од САД се зголеми за 7 п.п., од Норвешка за 4 п.п. и Саудиска Арабија за 2 п.п.

Во однос на увозот на никел, САД го зголемија своето учество за 5 п.п., а оној на Русија се намали за 14 п.п.

Кина стана водечки снабдувач на железо и челик (со раст од 5 п.п.), а уделот на Русија се намали за 9 п.п.

Но, поинаква слика се забележува во трговијата со ѓубрива. Уделот на Русија падна од 27% во К-3 2021-ва година на 17% во К-3 2022-ра година, но повторно се зголеми на 27% во К-3 2023-та година.

Уделот на Русија во увозот на никел, природен гас, нафта, ѓубрива и железо и челик од ЕУ. Графикон: Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП