5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle се откажува од брендот Google TV

Google се откажува од брендот Google TV

googletv

Во технолошките кругови се зборуваше дека „Google“ планира да стави крај на брендот „Google TV“  – името под кое пред три години дебитираше телевизиската платформа.

Според запознаените со плановите на интернет гигантот, сите нивни идни проекти поврзани со телевизискиот софтвер ќе бидат претставувани под капата на „Android“.

Доколку оваа информација е вистината, тоа може да биде интерпретирано на два начина: „Google“, или признаваат отворено дека не успеаа со „Google TV“ или едноставно се надеваат дека „Android“ постепено ќе го најде своето место и на големиот екран во нашиот дом. А зошто не и двете?

До овој момент потврда на информациите од „Google“, нема . Сепак еден нивен хардверски партнер открил дека нарачаните од „Google“ сет – топ боксови се спомнуваат како „Android TV“.

Постепеното исчезнување на името „Google TV“ е видно и од други производи кои веќе се излезени на пазарот. Минатиот месец , на пример , „Sony“ претстави паметен ТВ адаптер за користење на најновата верзија на „Google TV“, кој сепак го немаше „Google“ во своето име. Наместо тоа производот е наречен „Bravia TV“. И други компании како „STMicroelectronics“ и „LG“ ги опишуваат новите телевизиски производи повеќе како компатибилни со „Android“, отколку како компатибилни со „Google TV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП