12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПриродни нешта за пријатен и свеж здив

Природни нешта за пријатен и свеж здив

zdiv1

За да имате свеж и пријатен здив секако неопходно е редовното одржување на оралната хигиена. Користењето на разни средства и гуми за џвакање редовно го освежуваат здивот. Еве неколку збора за тоа како на природен начин да дојдете до пријатен здив.

Целер, јаболка, морков…

Овие намирници имаат голема моќ да ја прочистат устата и да ве ослободат од непријатниот здив. Секако овие продукти се многу моќни, па освен што влијаат здраво на вашето тело се смета и дека ги уништуваат патогените бактерии во устата.

Црн и зелен чај

Богати се со полифеноли и се одлични извори на антиоксиданси кои пак се вистински благодет за телото и за дезинфекција на устата. Имаат одлична прочистувачка моќ, така да скоро секогаш ефикасно ве ослободуваат од непријатниот здив.

Витамин Ц

Овој витамин е одличен за целото тело па и за устата, ги штити непцата, а со тоа ја намалува ризичноста од размножување на патогени бактерии.

Рецепт со цимет

Една кафена лажица цимет измешајте во една мала чаша млака вода и потоа исперете ја устата. Освен што ќе имате одличен здив, ќе ги уништите и мноштвото од патогени бактерии кои се населиле во устата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП