30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве која храна ќе ви помогне да заспиете побрзо

Еве која храна ќе ви помогне да заспиете побрзо

Проблемите со несоницата влијаат на многу луѓе, но една храна може да ви помогне да ги решите проблемите со несоницата.

Сигурно сте пробале безброј трикови кои ќе ви помогнат да заспиете, а сепак ништо не успеало. Корисниците на социјалните мрежи открија нешто ново за кое велат дека е докажано дека функционира.

Имено, ако веќе не сте, обидете се да грицкате ананас пред спиење, дури и научниците потврдија дека тоа има смисла.

Ананасот е една од намирниците што природно може да го зголеми нивото на мелатонин, хормон чие ниво се зголемува навечер за да ни помогне да заспиеме.

„Докажано е дека јадењето ананас или пиењето свеж сок од ананас пред спиење ги зголемува маркерите на мелатонин до 266 отсто. Ананасот содржи мала количина на аминокиселина наречена триптофан, која има смирувачки ефект“, вели експертот за спиење Макс Кирстен.

Овој експерт своите изјави ги темели на студија од 2013-та година, која покажа дека бананите, кои го зголемуваат нивото на мелатонин за 180 отсто, се корисни и за оние кои имаат проблеми со спиењето. Црешите, гоџи бобинките, јајцата, масните риби, ф’стаците и бадемите исто така придонесуваат за добар сон, според „WebMD“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП