11 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаете кој зачин заедно со лукот прави чудо во вашиот организам?

Дали знаете кој зачин заедно со лукот прави чудо во вашиот организам?

Се чини дека никогаш немало повеќе совети за тоа како да го подобриме здравјето на природен начин, односно што треба да направиме за да го зајакнеме имунолошкиот одговор на нашиот организам и без разлика колку се разликуваат препораките, секогаш се издвојува една моќна храна.

Лекарите советуваат во секојдневната исхрана да ги вклучиме лукот и куркумата бидејќи тие се природни антибиотици кои убиваат вируси и инфекции.

Лукот е најсилниот природен антибиотик и тешко е да се набројат неговите позитивни својства за здравјето: го содржи важното соединение алицин, кое го спречува златниот стрептокок и опасната бактерија, „pseudomonas aeruginosa“, која предизвикува пневмонија, инфекции на коските и сепса. Тој е ефикасен лек против срцеви инфекции, како што е ендокардитисот, кој може да предизвика срцев удар.

Нутриционистите тврдат дека лукот најдобро делува во свежа или пасирана форма. Варениот лук е подобар за заштита на крвните садови.

Лекарите советуваат секој човек да јаде по 4 чешниња лук дневно, освен кај лицата со низок крвен притисок на кои им се препорачува помала количина.

Куркумата има многу позитивни ефекти врз здравјето, поради што е наречена „жолто злато“. Ги намалува болките во грлото, габичните инфекции, помага при хипертензија, импотенција, лечи акни, го намалува ризикот од мозочен удар и спречува згрутчување на крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП