2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПет скриени симптоми на рак на белите дробови

Пет скриени симптоми на рак на белите дробови

Ракот на белите дробови е вториот најчест вид на рак во светот, а иако е толку чест, многумина не се свесни за неговите симптоми, кои на почетокот се незабележливи.

Меѓу бројните симптоми има пет на кои најмалку им обрнуваме внимание.

Губење на здивот

Во раните фази, ракот на белите дробови често нема симптоми, но некои пациенти развиваат постојана кашлица и отежнато дишење. Ако ги почувствувате овие симптоми, важно е што поскоро да посетите лекар.

Промени во обликот на ноктите

Ноктите кои се шират или изгледаат отечени може да бидат знак за рак на белите дробови. Тие симптоми се предизвикани од хипертрофична пулмонална остеоартропатија, состојба која предизвикува воспаление во коските и зглобовите и влијае на некои луѓе со рак.

Напади или несвестица

Вртоглавица и несвестица може да бидат знаци на рак на белите дробови. Може да се јават и главоболка, повраќање, конфузија, чувство на замор, мускулна слабост, вртоглавица и запек.

Спуштен eден очен капак

Редок вид на рак на белите дробови кој расте на врвот на органот може да предизвика спуштен еден очен капак, велат експертите. Овој тумор сочинува помалку од пет проценти од случаите на рак на белите дробови и може да предизвика намалување на една зеница и може да престане да се поти на едната страна од лицето.

Болка во рамото или болка која се шири нагоре и надолу по раката, вратот и главата се почести симптоми на оваа форма на рак.

Губење на тежина

Околу 60 проценти од луѓето со рак на белите дробови значително губат тежина бидејќи болеста предизвикува губење на апетитот. Сепак, некои губат тежина дури и кога јадат нормално, бидејќи нивното тело не апсорбира масти, протеини и јаглехидрати од храната и согорува калории побрзо од нормалното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП