Витаминот А е нутритиент од круцијално значење за здрави очи, како и за убава и млада кожа. Истражувањата, исто така откриле дека овој витамин помага во спречување на нарушувања во меморијата. Меѓутоа, неодамна се покажа дека постои и поврзаност помеѓу консумирање на храна богата со витамин А и намален ризик од карцином на кожата.
Витаминот А се наоѓа во форма на ретинол во намирници од животинско потекло како што се јајца, пилешко, мисирка, црниот дроб на говедско месо, како и во форма на бета-каротин и бета-криптоксансин во намирници со растително потекло (моркови, сладок компир, тиква, брокула, кељ, спанаќ, кајсии).

