6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИЗРАЕЛСКА ТВ ОБЈАВИ ВИДЕО И ТВРДИ: „Ги снимивме ракетата и болницата, ова...

ИЗРАЕЛСКА ТВ ОБЈАВИ ВИДЕО И ТВРДИ: „Ги снимивме ракетата и болницата, ова е доказ“

Израелската комерцијална телевизија Кешет 12 њуз објави снимка на која наводно се гледа дека најмалку една ракета истрелана од Палестинците во Газа ја погодува болницата на таа територија, пишува Фокс њуз.

На видеата, како што се наведува, „се гледа дека од Газа се испукани неколку ракети кон Израел“. По неколку моменти може да се забележи експлозија во Газа. Местото каде што се случи експлозијата е некаде на средината на патеката на ракетата.

– Ова е доказ кој ги потврдува израелските тврдења дека во близина на болницата експлодирале ракети истрелани од Газа, а не оние од Израел – изјави ТВ водителката.

-Ова е камерата на каналот 12. Тоа е камера лоцирана во градот Нетивот и ова е нејзиниот поглед на Газа. Се гледаат ракетите… испукани над болницата… и се гледа експлозијата. Ова е доказ дека дошла од Газа – додаде таа.

Израелската армија претходно потврди дека „по внимателна проверка на системот за надзор“ не станува збор за израелски оган, туку за ракети на Исламски џихад кои погодија болница во Газа во вторникот вечерта, при што загинаа стотици луѓе. Палестинците го обвинуваат Израел за овој напад.

Сега имаме доволно информации, ни требаше малку време, но мораме да ја кажеме вистината, болницата не беше погодена од израелски удари – изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП