18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали на светот му се заканува нов „нафтен шок“?

Дали на светот му се заканува нов „нафтен шок“?

Енергетската криза, која беше продлабочена со руско-украинскиот конфликт, сега се интензивира поради новата војна на Блискиот Исток. Светот се плаши дека локалниот конфликт меѓу Израел и Хамас би можел да се прошири, да добие поголеми размери од локалните настани. А тој страв најпрво се одрази на пазарот на „црното злато“.

Имено, без нафта нема превоз на луѓе и стоки, а нема движење на војската. „Запалувањето“ на Блискиот Исток и можноста за проширување на конфликтот може да доведе до повторување на историјата со нафтените кризи, таканаречените нафтени шокови од минатиот век.

На почетокот на неделата цените на нафтата, по минатонеделниот „скок“, на меѓународните пазари беа околу 91 долар за барел. Во пресрет на исходот на настаните, сите учесници на пазарот на нафта – и купувачите и продавачите – се обидуваат да проценат дали ќе има дополнително продлабочување и проширување на конфликтот меѓу Израел и Хамас, односно дали ќе има големи нарушувања во снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. Самиот Израел, имено, не е голем производител на сурова нафта, туку околните земји, кои би можеле да бидат вклучени во конфликтот. Покрај тоа, проширувањето на воените конфликти, исто така, може да предизвика проблем со транспортот со танкери на сурова нафта и ЛНГ гас, особено за европските потрошувачи.

Кон крајот на минатата недела за зголемувањето на цените придонесе и тоа што Вашингтон ги изрече првите казни за сопствениците на танкери со седиште во Турција и Обединетите Арапски Емирати кои превезуваат руска нафта продадена по цени повисоки од 60 долари за барел – што е лимитот што минатата година го поставија членките на Г27 и ЕУ.

Оваа геополитичка рамнотежа на сили може да се толкува како реакција на Западот на договорот меѓу Саудиска Арабија и Русија во врска со продолжувањето на мерките на групата ОПЕК + (Организација на земјите извознички на нафта и нивните сојузници), кои рускиот претседател Владимир Путин ги окарактеризира како мерки кои ги носат првите плодови и ја враќаат стабилноста. Потоа, во понеделникот, рускиот вицепремиер Александар Новак рече дека е важно ОПЕК + да продолжи со мерките за да се стабилизира ситуацијата на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП