28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗелената дигитализација треба да биде приоритет на државата!

Зелената дигитализација треба да биде приоритет на државата!

Како на централно така и на локално ниво се поголеми се заложбите за поголем развој на зелената дигитализација. Мора да се стави во приоритетната листа на надлежните и да се даде еден системски пристап кој според експертите во моментов недостасува. Властите напоменуваат дека даваат поддршка преку обезбедување на финансии по добри услови се со цел да се заменат и подобрат стандардите во однос на дигитализацијата и новата технологија.

Бариерите за зелената транзиција во Македонија може да се идентификуваат преку анализа на регулатива, политики, национални и локални проекти за зелена дигитализација, развивање на клучни показатели за перформанси, понатаму за бодување, истражување, анкета и интервјуа со засегнати страни од приватен сектор, граѓани, институционални претставници и дефинирање заклучоци и препораки за развој на зелена дигитализација.

Бирото за регионален развој има цел да го промовира усвојувањето на интегрираниот пристап и да воведе рамка за создавање комбинирани зелени и дигитални иницијативи за трансформација на национално и транснационално ниво, што ќе доведе до „позелено“ функционирање на дигитални инфраструктури кои користат центри за податоци.

“Еден од главните идентификувани предизвици за зелена дигитализација на локално ниво е недостатокот на сеопфатна државна стратегија со која ќе се спроведува дигитализацијата. Во оваа насока, прв приоритет на кој треба да се работи е креирање стратегија која ќе има цел да создаде систем или процес во кој ќе бидат интегрирани сите страни и која ќе овозможи соодветна распределба на сите ресурси кои стојат на располагање за имплементирање на Стратегијата. Крајната цел е воспоставување заеднички пристап на работење и функционирање на сите општини, а во исто време систем кој ќе обезбеди флексибилност и задржување на специфичноста во нивното функционирање”, вели Љубомир Димовски.

Според податоците,  на национално ниво се започнати процеси со кои се дигитализираат јавните услуги во корист на крајните корисници – граѓаните и приватниот сектор. Сепак, за реална примена на зелената дигитализација, потребна е заедничка координација и интеграција на сите заложби, особено еднакво вклучување на локалните власти за да се заокружи сеопфатен процес кој ќе даде вистински резултати. Исто така, втор приоритет, кој е особено важен, е унапредување на ИТ инфраструктурата на локално ниво, мотивирање и инвестирање во ИТ кадар и мапирање на технологиите преку кои се даваат јавните услуги и можности за нивно технолошко усовршување. Според Димовски, понатамошните активности треба да се движат во насока на примена на дигитални модели за подобра искористеност на енергетската ефикасност и зголемено користење на обновливите извори на енергија на локално ниво.

„За развој на стратегијата за зелена дигитализација на локално ниво потребно е да се постави соодветен систем на клучни показатели кои ќе овозможат мапирање на состојбата на сите единици на локална самоуправа. Овој процес би требало да укаже на нивото на дигитализираните услуги на локално ниво и да овозможи и континуирано следење на трендовите за развој на зелената дигитализација со што правилно би се насочиле сите достапни развојни фондови. Затоа, во рамки на нашата проектна задача развивме и предложивме клучни показатели за перформанси  чија цел е континуирано мерење на нивото на зелената дигитализација на одредена општина/регион, за одредена услуга или дел од неа”, вели Љубомир Димовски.

Познавачите велат дека неопходноста да се работи на зголемување на свеста на локалното население и подигнување на нивото на едукација на сите релевантни чинители во локалните системи произлегува како еден од главните заклучоци на Истражувањето, спроведено во 8 општини, таргетирајќи млада популација како што се  ученици во средни училишта и соодветни претставници од приватниот сектор. За таа цел при креирање на националните политики, регулативи и стратегии, треба да се гледа низ призмата на потребите на локалното население како основни корисници на јавните услуги.

Во меѓувреме, од владата веќе понудија средства преку издавање на зелена обврзница за проекти од областа на новите технологии и зелени проекти. Интересот од страна на граѓаните и компаниите беше голем, а потврда за тоа беше побарувачката која стаса дури за три пати повеќе од понудените 10 милиони евра пари наменети за зелени инвестиции.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП