29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМундијалот во Бразил досега најскап за фановите

Мундијалот во Бразил досега најскап за фановите

brazil

Бразил веќе влегува во финалната фаза на подготовките за Светското првенство во фудбал во 2014-та година. Изгледа дека навивачите кои ќе сакаат да ги гледаат натпреварите, ова првенство ќе ги чини скапо.

Помеѓу 6.000 и 12.000 долари ќе Ви бидат потребни да го посетите настанот, но тоа не ги вклучува авионските билети, како и превозот во самиот Бразил.

Најевтиниот билет за странци ќе чини 150 долари. За Бразилците ќе има повластени цени.

Освен тоа навивачите ќе имаат доста високи сметки кога ќе се движат од град до град, како и до стадионите. Се очекува првенството да биде голем финансиски успех.

Дури и при овие високи цени на билетите, не се очекува да има празни места на стадионите. Околу 95 проценти од финансирањето на настанот доаѓа од продажбата на реклами и права за ТВ емитување.

Во САД телевизијата, која ги купи правата за емитување на првенствата за 2018-та и 2022-та година, потроши 600 милиони долари.

На 10 октомври истекува крајниот рок за пред-продажба на билети и од ФИФА соопштија дека веќе имаат барања за 4.5 милиони билети за 64 натпревари. 77 проценти од барањата се од домаќинот Бразил, следат Аргентина и САД.

Според побарувачката на картите најпопуларни натпревари се првиот кој ќе биде одигран, финалето, како и сите дуели на домаќинот Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП