2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриена нова ефикасност на кафето: Го намалува ризикот од две сериозни болести

Откриена нова ефикасност на кафето: Го намалува ризикот од две сериозни болести

Заклучокот од истражувањето ја поддржува препораката дека умереното консумирање кафе може да биде корисно како дел од здравиот начин на живот.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои пијат две до три шолји кафе дневно имаат помали шанси да развијат анксиозност или депресија во споредба со оние кои пијат помалку или повеќе од овој популарен пијалок.

Мозочен удар и рак

Претходните истражувања веќе укажаа на различни здравствени придобивки од умереното консумирање кафе, вклучително и намален ризик од дијабетес тип 2, хронични заболувања на црниот дроб, мозочен удар и рак. Научниците сакале да ја истражат можната поврзаност помеѓу пиењето кафе и менталните состојби како депресија и анксиозност, имајќи предвид дека овие состојби се многу чести меѓу населението.

Во текот на истражувањето, анализирани се податоците на 146.566 луѓе од Обединетото Кралство, кои одговарале на прашања за нивното ментално здравје и навиките за пиење кафе во периодот од 2006-та до 2010-та година.

Важно е да го пиете умерено

Наодите покажаа дека луѓето кои пиеле помалку од две до три шолји кафе дневно имале намален ризик од депресија и анксиозност. Сепак, ризикот бил најмал кај луѓето кои пиеле точно две до три шолји дневно. Истражувачите откриле дека не се препорачува прекумерно консумирање кафе. Секоја дополнителна шолја кафе над три го зголемуваше ризикот од развој на двете ментални нарушувања.

Исто така, во 2016-та година беше спроведена друга студија во која учесниците одговараа на прашања од два стандардизирани прашалници за проценка на анксиозност и депресија. Од учесниците, 81 процент пиеле кафе редовно, а најчеста дневна количина е точно две до три шолји. Просечната возраст на учесниците била 56 години, а речиси 57 отсто од нив биле жени.

Превенција од депресија

Заклучокот од истражувањето ја поддржува препораката дека умереното консумирање кафе може да биде корисно како дел од здравиот начин на живот за превенција и управување со депресија и анксиозност кај општата популација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП