1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ги замолува институциите домаќински да ги трошат народните пари!

Владата ги замолува институциите домаќински да ги трошат народните пари!

Владата донесе нов план со кој ќе се обиде да ги научи державните институции како рационално да ги трошат парите кои им се предвидени за работа.

“План за фискална оддржливост и поддршка на економскиот раст” е називот на оваа нова стратегија со која валадата повторно ќе се обиде да го затегне ременот на буџетските корисници. Ова не е прв пат овој владин состав да се обидува да ги намали непродуктивните трошоци и парите да ги троши за потребите на граѓаните. Но како и секоја влада досега така и оваа ја тресеа серија на скандали поврзани со купување на луксузни добра и стоки како за високите функционери така и за институциите со кои тие раководат. Ставот на експертите е дека фискалната стратегија е тотално промашена.

Јавните претпријатија, трговските друштва кои се во државна сопственост, како и локалните самоуправи и локалните јавни претпријатија имаат за задача да ги оптимизираат трошоците и да почнат конечно да штедат. Владиниот план за фискална одржливост и економски раст според надлежните содржи мерки кои преку рационализација, штедење и зголемена наплата на изворни приходи ќе придонесат до намалување на буџетскиот дефицит на долгот. Оваа определба е поставена и во Фискалната стратегија Македонија која е за периодот 2024-2028 година.

Информациите велат дека планот се состои од три групи, Првата содржи мерки и препораки за намалување на расходите, втората мерки и препораки за подобрување на наплатата на буџетските приходи и третата мерки и препораки за јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост во насока на оптимизација на расходите во работењето и зголемена и подобрена наплата на приходите што се во нивна надлежност.

„Мерките и препораките за намалување на расходите се однесуваат на консолидација и рационализација на расходите за плати и надоместоци. Меѓу мерките се рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор, зголемување на ефикасноста и продуктивноста на вработените и рационализација на бројот на работните места заради зајакнување на интитуционалните капацитети за потребите за процесот на преговори со ЕУ. Новите вработувања да се реализираат првенствено преку мобилност и преземање на вработени од други институции во јавниот сектор. Консолидација и рационализација на расходите за стоки и услуги предвидено е преку намалување на непродуктивните расходи и поефикасно користење на ресурсите за работа, намалување на потрошувачката на електрична енергија, намалување на расходите за телефони, за репрезентации и реклами, за службени патувања, порестриктивни услови и критериуми за користење на службените возила, како и намалување на расходите за договорни услуги“, велат од Владата.

Од Илинденска број два велат дека препорачуваат до институциите да внимаваат на исплатата на пари за субвенции и слични трансфери, како и капителните проекти кои се предвидени за реализација да бидат квалитетно и навремено завршени. Според стратегијата на владата подобрување на наплатата на приходите се очекува да се постигне преку унапредување на даночната регулатива, зајакнување на капацитетите на даночната администрација, унапредена ефикасност на системот за наплата на акцизните приходи, како и зајакнати активности за спречување на даночната евазија и поефикасно детектирање и справување со неформалната економија.

Но во овој дел даночниот експерт Славно Лазовски е на став дека трите аспекти на фискалната стратегијата во однос на зголемување на фискалниот аспект, да се зголеми фискалната дисциплина и да се зголемат отчетноста и транспарентноста се само протоколарни документи кои не може да дадат резултати на подолг период.

„Тоа се работи кои сами по себе треба да се воспоставуваат. Во таа фискална стратегија предоминантно е буџетската урамнотеженост, А тоа се претставува како тоа да е најголем проблем во фискалниот систем. Мислам дека тоа апсолутно не е точно и дека имаме многу други слабости а фискалната урамнотеженост ќе ни дојде после четири или пет години. Или кога ќе влеземе во ЕУ. Само две држави од 28 членки на ЕУ се буџетски урамнотежени, тоа значи дека фискалната стратегија треба да содржи збогатување на даночната политика, како да се зајакне меѓународната соработка и како да се зајакне локалното одданочување“, вели експертот Славко Лазовски.

За порационално работење, властите на трговските друшва во државна сопственост кои се загубари им препорачуваат да ги намалат вкупните трошоците за 20% и да го намалат бројот на вработени на неопределено време. Понатаму, за сите претпријатија се предвидува намалување на расходите за договорни услуги, преземање мерки за зголемена наплата на побарувањата, намалување на расходите за репрезентации, спонзорства, реклами, службени патувања, за набавка на мебел, опрема, како и сведување на минимум на набавка на возила, вклучително и по пат на лизинг.

Во последниове неколку години државните институции се на мета на јавноста поради големите скандали за расипничко треошење на народните пари. Во меѓувреме додека Централната власт бара од подолните ешалони подомаќинско да ги троши народните пари, избраните и именувани лица и натаму си ги трошат платите кои им се повисоки за 78 отсто. Ниту на памет не им текнува на функционерите да го изменат законот и да си ги вратат платите на едно разумно ниво во време кога граѓаните мака мачат како да го поминат месецот.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП