2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИМПЛАНТАЦИЈА НА МОЗОК КАЈ ПАРАЛИЗИРАНИ ЛИЦА: Компанијата на Илон Маск доби одобрение...

ИМПЛАНТАЦИЈА НА МОЗОК КАЈ ПАРАЛИЗИРАНИ ЛИЦА: Компанијата на Илон Маск доби одобрение за тестирање на луѓе

NEURALINK, компанија за мозочни импланти на Илон Маск, објави дека добила одобрение од независна регулаторна агенција да започне со регрутирање пациенти за човечки испитувања на нивниот мозочен имплант.

Компанијата бара парализирани пациенти за да го тестира својот експериментален уред шест години.

Луѓето со парализа поради повреда на цервикалниот ‘рбет или амиотрофична латерална склероза може да се квалификуваат за студијата, се вели во соопштението на Neuralink, но не открива колку учесници ќе бидат вклучени во испитувањето, кое ќе трае околу шест години.

Neuralink е една од неколкуте компании кои развиваат интерфејс мозок-компјутер (brain-computer interface – BCI) кој може да собира и анализира мозочни сигнали. Но, бомбастичната промоција на компанијата од страна на милијардерот, вклучително и ветувањата за развој на сеопфатен мозочен компјутер кој ќе им помогне на луѓето да држат чекор со вештачката интелигенција, предизвика скептицизам и етички грижи кај невронаучниците и научната заедница.

Минатата година, американската Администрација за храна и лекови (FDA) го отфрли барањето на компанијата за испитувања на луѓе, но во мај ѝ додели на Neuralink исклучок што дозволува уредот да се користи за клинички студии. Агенцијата не соопшти што ги натерало да ја сменат одлуката.

На учесниците хируршки робот ќе им вгради BCI чип во регионот на мозокот кој го контролира движењето, со цел да им се овозможи да го контролираат курсорот или тастатурата на компјутерот поврзан со чипот со своите мисли. Студијата ќе ја процени безбедноста и функционалноста на технологијата, се вели во соопштението.

Објавата на компанијата доаѓа неколку месеци откако доби регулаторно одобрение за тестирање на луѓе. Претходните тестирања за мозочни импланти на животни беа под лупа на стручната јавност, по извештаите дека тестовите предизвикале непотребно страдање. Поранешните вработени ги окарактеризираа тестовите како „хакерски експерименти“, велејќи за Ројтерс дека во еден случај уредот бил вграден во свиња во погрешна положба, па затоа морала да се еутанизира.

Наводите поттикнаа неколку истраги, вклучително и истрага на Министерството за земјоделство за злоупотреба на животни и истрага на Одделот за транспорт за погрешно ракување со биоопасни материјали преку државните граници.

Компанијата не одговори веднаш на прашањата за тоа кога и каде ќе се спроведе студијата, ниту колку учесници ќе вклучи. Ако неговиот уред се покаже безбеден за човечка употреба, може да поминат децении пред да биде одобрен за пациенти надвор од студијата.

И покрај се, Илон Маск има големи амбиции за својот стартап Neuralink. Тие тврдат дека нивниот уред ќе може да се користи за лекување на состојби како што се дебелина, аутизам, депресија и шизофренија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП