6 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕден од нив ви е омилен: Четири пијалоци кои го намалуваат ризикот...

Еден од нив ви е омилен: Четири пијалоци кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања

Срцевите заболувања се една од најчестите болести кои не придружуваат, а лекарите често зборуваат за правилна и урамнотежена исхрана која може да помогне при постоечката терапија.

Многу експерти предупредуваат дека дури и ненадејните и чести скокови на шеќерот во крвта може да влијаат на срцето и да го зголемат ризикот од развој на срцеви заболувања.

Нормално е шеќерот да ни е покачен во текот на денот и после јадење, но доколку забележиме некакво отстапување, тогаш треба да се провериме.

„Важно е управувањето со шеќерот во крвта, без оглед на тоа дали имате дијабетес. Ненадејните скокови и падот на шеќерот во крвта може да доведат до глад и прејадување, но и до формирање на наслаги во крвните садови и, следствено, зголемен ризик од срцеви заболувања”. Таа”, рече гастроентеролог Сами Гил за The Sun.

Не постои пијалок кој би го намалил нивото на шеќер во крвта, но има и такви кои делуваат побавно и постабилно го зголемуваат шеќерот, за да нема нагли скокови. Тоа се вода, зелен чај, кравјо млеко и кафе.

Од друга страна, некои пијалоци е подобро да се избегнуваат. Лекарите советуваат да го минимизираме внесот на слатки газирани пијалоци, овошни сокови, енергетски пијалоци, спортски пијалоци, млеко со вкус, кафе со вкус, топло чоколадо и ладен чај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП