4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСите го користиме овој лек, а тој може да биде многу опасен!

Сите го користиме овој лек, а тој може да биде многу опасен!

Минатата година, научниците во Америка утврдија дека еден од најраспространетите и најчесто користени лекови ширум светот, парацетамолот, има прилично бизарен несакан ефект.

Имено, тим истражувачи од Универзитетот во Охајо откриле дека употребата на парацетамол може да ја промени вашата перцепција за ризик и со тоа потенцијално да ве доведе во опасност.

Лекот, познат во Америка како ацетаминофен, се користи и како аналгетик (ублажување на болка) и антипиретик (намалување на треска), а токму по овој лек најчесто посегнуваме кога имаме висока температура.

Ако се придржувате до вистинската доза, тоа ретко предизвикува несакани ефекти, но научниците сега знаат дека оние кои ја земаат сѐ повеќе склони кон ризик од луѓето кои земале плацебо во експериментот.

„Се чини дека парацетамолот делува така што ги тера луѓето да чувствуваат помалку негативни емоции кога размислуваат за преземање ризични активности – тие едноставно не се чувствуваат толку исплашени“, рече неврологот Болдвин Веј, коавтор на студијата, објавена во списанието „Social Cognitive and Affective Neuroscience“.

Студијата покажа дека парацетамолот има одредени ефекти врз психата, односно ги намалува позитивните и негативните емоции, вклучително и повредените чувства, анксиозноста поради страдањето на друга личност, па дури и сопствената радост.

Во една студија, на 189 учесници им биле дадени или 1.000 mg парацетамол – препорачаната доза за лекување на главоболки – или плацебо лек. Откако чекале таблетата да делува, авторите на студијата ги замолиле испитаниците да оценат колку според нив се ризични одредени дејства на скала од 1 до 7. Оние кои биле под влијание на парацетамол дале пониски оценки во споредба со плацебо групата, додека ги оценувале активностите како скокање со падобран, менување кариера во триесеттите години, шетање сами навечер во небезбедна област…

Инаку, во април 2021-ва година, истражувачите од Универзитетот во Сиднеј спроведоа студија која покажа дека парацетамолот има најслаб ефект кога се зема за акутна болка во грбот, пренесува „The Sun“.

„Иако употребата на парацетамол е широко распространета, неговата ефикасност во ублажувањето на болката е утврдена само за неколку состојби, а неговата вистинска корист е често скромна. Доказите со висок или умерен квалитет дека парацетамолот е подобар од плацебо за ублажување на болката беа достапни за само 4 од 44 испитани состојби кои предизвикуваат болка“, истакнаа австралиските експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП