2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните на БиХ должат 5,1 милијарди марки

Граѓаните на БиХ должат 5,1 милијарди марки

bih1

Дека граѓаните на Босна и Херцеговина секоја година се повеќе се задолжуваат, потврдуваат и официјалните податоци на Агенцијата за банкарство на БиХ, според кои во првата половина од 2013 година одобрени се вкупно 3,2 милијарди конвертибилни марки (КМ) нови кредити, што е за 15,4 проценти или 427 милиони КМ повеќе во однос на истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Здруженијата на потрошувачите секојдневно предупредуваат на тоа дека граѓаните поради тешката економска ситуација се принудени да подигнуваат ненаменски кредити, а потоа нови кредити со цел да ги затворат старите долгови. Меѓутоа тие објаснуваат дека е невозможно да се преживее без кредит.

Особена загриженост предизвикуваат постојаните нови задолжувања на граѓаните кои лесно можат да завршат во тешка ситуација кога повеќе нема да имаат од каде да позајмат.

Во првата половина од 2013 година, секторската структура на кредитите е незначително променета во однос на крајот на 2012 година. Кредитите дадени на жителите се поголеми за еден процент или 56 милиони КМ и тие достигнаа износ од 5,1 милијарди КМ.

Од Агенцијата за банкарство на БиХ велат дека според доставените податоци од банките, кои се однесуваат на структурата на кредитите по намена, учеството на кредитите е непроменето во однос на крајот на 2012 година.

Така, кредитите одобрени за финансирање за широка потрошувачка изнесуваат 74 проценти, додека учеството на станбените кредити изнесува 23 проценти. Преостанатите три проценти се однесуваат на малите бизниси и земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП