28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија има потреба од десетици илјади квалификувани работници годишно

Германија има потреба од десетици илјади квалификувани работници годишно

Angela Merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија има потреба од квалификувани работници од странство.

На тој начин таа би го решила проблемот со недостаток на работна сила кој прети да ја загрози конкурентноста на земјата.

Меѓутоа, во неделното обраќање преку интернет, Меркел вели дека имигрантите треба да дојдат главно од други европски земји.

Германија се најде на удар на критики дека ја искористува високата стапка на невработеност во другите членки на ЕУ за да им ги земе квалификуваните работници.

Неодамна воведениот систем на “сина карта”, кој го олеснува вработувањето на високо квалификувани работници од надвор од ЕУ, се соочи со ограничен успех, па затоа минатата година, помалку од 2.600 луѓе од земјите кои не се членки на ЕУ заминаа во Германија преку тој систем.

Според експертите, годишно Германија има потреба од  десетици илјади квалификувани инженери, лекари, негуватели, поради стареењето на населението и малубројната популација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП