8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот 6008 ќе се појави во Пекинг

Концептот 6008 ќе се појави во Пекинг

pezoa

Уште во август месец францускиот магазин „Auto Plus“ објави неколку рендери од евентуалниот изглед на коросоверот на Пежо „6008“, а сега се појавија информации дека овој концепт би можел да се појави веќе следната година на саемот за автомобили во Пекинг.

Новиот кросовер на Пежо „6008“, најверојатно ќе биде базиран на моделот на Цитроен „Wild Rubis“, a надворешниот изглед се очекува да биде изработен по примерот на моделите „2008“ и „308“.

Станува збор за возило долго околу 475 см (ќе постои и варијанта со седум седишта), а во понудата на мотори ќе се најдат бензинските со распон на снагата од 160 до 240 KS и дизел моторите до 240KS, a палетата би требало да се заокружи со верзија која ќе има хибриден погон.

Ако станат вистинити сегашните неофицијални најави, производната верзија на „6008“ прво ќе се појави во Кина, а во текот на 2016-та ќе може да се очекува и во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП