3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОд омилена летна дестинација до „никогаш повеќе не стапнувам“ – како Албанците...

Од омилена летна дестинација до „никогаш повеќе не стапнувам“ – како Албанците ги „бркаат“ македонските и српските туристи?

Факт е дека Албанците се наоѓаат во процес на учење во поглед на туризмот, но уште еден факт е дека засега многу добро им оди учењето – барем кај поголемиот дел од туристичките работници во најпознатите албански летни дестинации.

Токму Албанија во последните десетина години се смета за една од најпопуларните туристички дестинации за македонските и за српските туристи, а најмногу поради ниските цени на сместувањето, храната, пијалаците…

Но, судејќи според објавените искуства на нашинци на Фејсбук групата „Одмор во Албанија“, годинава работите како малку да се променети во однос на ланската сезона.

Наши туристи кои летово биле на одмор во Албанија забележуваат дека цените се скокнати до плафон, особено ако, како што велат, се земе предвид квалитетот на услугите.

„Веќе три дена се наоѓам ви Химара. Градската плажа е неорганизирана, нема тоалети, нема кабини за пресоблекување, а впрочем таа е единствената слободна зона во целата област. Плажата Шпиље, пак, е катастрофа, нема туш кабини или тоалети. Има само барови, нечиста вода, лежалки кои се наплаќаат 13 евра. Плажата е малку поорганизирана за разлика од Химара, но е поскапа. Плажата Лимани е добро организирана и вреди за сите пари, но лежалките таму чинат 15 евра, пивото од 0.33 литри чини 4,30 евра, а храната е квалитетна. Голем недостаток се чадорите за сонце кои воопшто не штитат од сончевите зраци, исто како да ги нема. Генерално, каде и да прошетавме, цените беа прилично високи во продавниците, а особено во рестораните. Кој сака да оди во Химара нека се подготви финансиски за да не доживее шок“, напиша еден турист.

Друг корисник, пак, даде свое видување за плажата Борш за која вели дека условите се добри, но замерка има за маркетите.

„Еден сок во ресторан чини 2,5 евра, а пивото е 3,5 евра. Пица или скара чини 10 евра во ресторан. Во маркетите, пак, цените се многу повисоки за разлика од лани, а и проблем е тоа што постојано ги менуваат цените. Црешите чинат 4 евра, лебот е 1,30 евра, млекото е 2 евра, најевтиниот сладолед чини 1 евро, палачинките се 2 евра“, напиша корисникот.

Коментар имаше и за омиленото туристичко место за Македонците – Ксамил.

„Во моментов се наоѓаме во Ксамил и можам да кажам дека има голема разлика од лани. Но, разликата е само во цените кои скокнаа до плафон. Лежалките на плажите се скапи, цените одат и до 25 евра, а не добивате ништо за цената. Самиот Ксамил е прескап и скоро сите плажи се приватни. Каде и да одите мора да изнајмите лежалка и не е дозволено да поставите пешкир на песокот. Рестораните не се премногу скапи“, пишува друг член на групата.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП