28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомашната пченица ќе заврши во државните амбари, но потребна е финансиска помош...

Домашната пченица ќе заврши во државните амбари, но потребна е финансиска помош за земјоделците!

Владата реши да им ја откупи пченицата на земјоделците и да ги наполни државните резеви во време кога родот на пченицата е поголем од планираниот. Бизнисот смета дека потребна е дополнителна финансиска помош од државата. Земјоделците пак се надеваат дека оваа година нема да бидат изиграни и конечно ќе им се исплати маката. На глобалната сцена ситуацијата со пченицата е драматична. Во Европската унија стравуваат од досега најлошата година во однос на приносот од житните култури.

Наместо во еден Агенцијата за стокови резерви планираната јавна набавка на пченица од 15 илади тони треба да подели во пет лотови. Вакво задолжение државната институција доби од Владата се со цел да се обезбедат стоковите резерви давајќи предност на домашните количини пченица. Инаку, ова беше и едно од барањата на подсекторската група за жито, кое надлежните го прифатија со продолжен рок за набавка од десетина дена. За да не бидат изоставени и производителите на јачмен министерството за земјоделство ќе објави две нови мерки кои засега се разгледуваат и доработуваат, а ќе бидат на усвојување на некоја од следните владини седници. Бизнисмените од овој сектор велат дека земјоделците кои произведуваат ваков тип на житарки треба да бидат финансиски помогнати од државата. 

Од Илинденска број два велат дека преку интервентната програма креирале нова мерка со која е обезбедена поддршка за производителите на пченицата, односно дополнителни 3 денари за продаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година. Целта од владата велат дека е преку Националниот план за производство на храна да се даде поддршка на домашното производство и поголем мотив за земјоделците да остварат поголем принос значајни култури, а домашното производство да се насочи кон домашните капацитети.

„Преку измена на Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година“, велат од Владата.

Од Агро комората при Сојузот на стопански комори велат дека во овој момент, ланската година производната цена на пченицата поради високите цени на суровините, односно вештачкото ѓубриво, семенскиот материјал, нафтата, биле доведени во позиција до крајот на годинава производната цена да биде, речиси за двојно повисока од пазарната цена. Затоа тие сметаат дека треба да им се помогне на земјоделците, да се донесе решение, да се најде начин, да им се помогне за да не може да се доведат во таква ситуација, да не одат во дебели загуби, или на некој начин да не одат во сигурен пропаст.

„Се надеваме дека ќе се најде некаков модуст, финансиски да им се помогне затоа што недозволиво е тие да одат во загуба. Треба да се види колку е калкулацијата, да се види пресметката, да се седне да се разговара, и да се прифатат конструктивни решенија. Уште еднаш ќе повториме, производната цена е двојно поскапа од моменталната пазарна цена. Во однос на квалитетот на пченицата сакаме да кажеме дека со оглед на врнежите во мај тоа значи дека ќе има добра реколта за производителите, но неѓутоа внежите продолжија и во јуни па имаше некои проблеми. Но се работи за релативно добра година, во однос на квалитетот на житото. Има добри приноси, но квалитетот на житото има мали недостатоци“, велат од ССК.

Лошите временски услови негативно се одразуваат не само во земјава туку и на глобално ниво во однос на жетвата. Податоците од државите од Европската унија покажуваат дека за дури 10 отсто ќе биде намалено производството на житни култури во најмоќните европски економии, а тоа е сериозен предуслов за раст на цената на основните прехранбени производи.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП