6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Италија нема да ги исполни целите“

„Италија нема да ги исполни целите“

italija1

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody`s“ не верува дека Италија ќе ги исполни целите и дека оваа година буџетскиот дефицит ќе го намали на ниво под три проценти од БДП, колку што изнесува границата на ЕУ.

Агенцијата во денешното соопштение наведе дека одлуката на италијанскиот парламент да ја подари довербата на владата на премиерот Енрико Лета е најдобриот можен исход од гласањето, пренесува агенцијата АНСА.

„Moody`s“ сепак нагласи дека политичките турбуленции кои доведоа до гласање ја покажуваат кревкоста на италијанската влада, која сеуште не е подготвена потполно да се справи со економските проблеми кои ја зафатија оваа земја, оттука „Moody`s“ не верува дека владата ќе успее да го намали буџетскиот дефицит на ветеното ниво.

Агенцијата наведува дека слабоста на владата би можела да доведе до дополнително одложување за донесувањето на буџетот и структурните реформи, со што италијанската економија ќе биде доведена до пропаст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП