28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрофесор од Харвард тврди: Глупост е дека ни требаат 8 часа сон,...

Професор од Харвард тврди: Глупост е дека ни требаат 8 часа сон, ова е правата вистина

Сто пати сме слушнале дека ни требаат 8 часа сон во текот на ноќта, но според д-р Даниел Е. Либерман, тоа е глупост.

Овој професор од Харвард во подкаст рече: „Идејата дека луѓето спијат осум часа навечер е обична бесмислица“.

Либерман е најпознат по неговите истражувања за човечката еволуција, палеоантропологијата, еволутивната медицина и вежбањето. Тој вели дека правилото за осум часа сон е одамна, уште од индустриската револуција. Сепак, тој и неговите колеги спроведоа истражување на луѓе кои спијат шест или седум часа и не дремат во текот на денот.

„Заклучивме дека едноставно не е точно дека ни требаат осум часа сон“, му откри тој на водителот Стивен Бартлет.

Тој смета дека на луѓето треба да им се препорача седум часа сон.

Неговото тврдење не е сосема неточно со оглед на тоа дека препорачаната количина на сон зависи од возраста. Седум или повеќе часа сон навечер се препорачуваат за возрасни, а некои организации препорачуваат седум до девет часа.

„Ќе ви треба повеќе сон ако сте болни, но седум часа се оптимални за повеќето луѓе“, заклучува д-р Либерман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП