2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисмените не може глава да кренат од кризите, а политичарите им велат...

Бизнисмените не може глава да кренат од кризите, а политичарите им велат без грижа со вас сме!

Помина половина од годината, а стопанството и индустријата никако не може да застант на здрави нозе. Реакциите на бизнисмените се дека потребни се повеќе услови за развој на приватниот сектор. Стопанствениците сметаат дека државата не придонесува доволно за зголемување на приватните инвестиции, туку напротив со многу законски решенија и бирократски пречки го дестимулира инвестирањето во приватниот сектор. Но тоа не го забележуваат надлежните, информациите кои пристигнуваат од Илинденска број 2 велат дека економската програма на владата е насочена токму кон поддршка на приватните компании.

Од Сојузот на стопански комори сметаат дека економијата стагнира, а тоа е поради тоа што владата не обезбедува подобрување на бизнис климата. Од ова бизнис здружение велат дека многу е ниско нивото на луѓе кои се на високи државни позиции и кои имаат задачи да креираат бизнис планови за целото стопанство. Поради тоа од ССК не гледаат дека во брзо време работите ќе се подобрат бидејќи според стопанствениците во Македонија недостасува волја да се најддат решенија. Се што во последниве години се донесе како владина мерка имаше за цел да се изгаси пожарот, да се затвори некоја дупка, но не и да се направи долгорочно решение кое во следната евентуална криза ќе предизвика голема штета во општеството.

„Нема инвестиции и развојна компонента која носи додадена вредност. Во приватниот сектор во нашата земја работат околу 700 000 луѓе. Кога тонат компаниите, тонат и сите овие луѓе и нивните семејства, а се доведува во прашање и обезбедувањето средства за функционирање на државните институции. Приватниот сектор кај нас постојано се наоѓа во некоја подредена позиција, иако тој е оној што обезбедува средства за да фунционираат државните институции и администрацијата. Мора да се намали бројот на јавната администрација, да се воведе дигитализацијата и со ваквата рационализација да се обезбедат дополнителни средства за да се мотивираат администрацијата и фукционерите“, велат од ССК.

Нови даноци, парафискални оптоварувања, скратена работна недела, вештачки зголемена минимална плата, ова се само дел од точките за кои реакции имаат и од Стопанската комора, која деновиве прославува 101 година од формирањето. Во ова здружение не само што членуваат најголемите компании кои се столбот на македонската економија туку тука се и едно од највлијателните лица во домашниот но и рагионалниот а можеби и поширок бизнис свет. Бизнисмените не можат да разберат како е можно да се одданочуваат успешните, да не се ослободуваат од давачки компании кои сериозно го билдаат Бруто домашниот производ. Како на овие фирми не им се понуди поддршка за инвестирање, туку фокусот е наменет само на друго, на даноци, на казни а најмалку на продлабочување на дијалогот и соработката помеѓу бизнисот и властите.

„Државата не смее да му се меша на бизнисот и апелираме секој да се занимава со својот домен, соодветно на функцијата што ја извршува. Она што ни се случува со мешањето во работите, го уништува бизнисот. „Нема да работите во недела, толку ќе ставате маржа, толку ќе плаќате минималец.“Ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат“, велат од Стопанската комора.

Владата пак е убедена дека води политика која е во интерес на компаниите и работниците. Програмата за развој на стопансртвото според одговорните лица за економијата во земјава е вистински показател се на прав пат како што велат. Потврда за тоа велат е дека секоја година се зголемува бројот на компании кои добиваат финансиска поддршка од државата, а тие пари ги искористуваат за инвестиции во реалниот сектор. Доиполнително, континуирано се зголемуваат платите, а со тоа се подобрува и стандардот на работниците.

„Само во Пелагонискиот регион исплативме над 506 милиони денари за 77 компании за периодот 2018-2022 година, со што придонесуваме за рамномерен развој. Минатата година се потпишаа преку 270 договори за поддршка со компании низ целата држава, кои влегоа во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните пет години или до завршувањето на нивните договори. Во приватниот сектор не можеме да ги дефинираме платите, но креираме предуслови за платите да растат, и тоа е со минималната плата, што е еден механизам со којшто поттикнуваме да има раст на плати“, велат од Владата.

Бизнисмените не очекуваат дека годинава економијата ќе испорача раст поголем од два отсто, а тоа според нив е ништо во споредба со државите со кои политичарите од земјава сакаат да ја споредуваат Македонија. Доколку се направи споредба на годишно ниво индустриското производство има зголемување за шест отсто. Податоците велат дека најмногу се работи во компаниите кои произведуваат производи за широка потрошувачка, потоа во рударството, преработувачката индустрија, па следува градежништвото.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП