3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески:Двоцифрениот раст во градежништвото резултат на капиталните инвестиции

Ставрески:Двоцифрениот раст во градежништвото резултат на капиталните инвестиции

intervju-stavreski

Градежништвото ќе има директна корист од предвидениот рекорден износ од 22,5 милијарди денари за капитални инвестиции во наредната година.

Инвестирањето во градежништвото, кое годинава бележи раст од 34 проценти, е причината што тоа во изминативе години има двоцифрени стапки на раст.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Прилеп, додавајќи дека во Македонија во изминативе неколку години се градеше, а така ќе биде и во иднина.

– Ние сакаме силно да инвестираме во капитални проекти, бидејќи само така може да се подобрат инфраструктурните услови, да се подобри стандардот на граѓаните, квалитетот на животот, но и да се поддржи домашното стопанство и фирмите кои работат во градежништвото како што се „Гранит“, „Бетон“ и сите други помали подизведувачи кои учествуваат во бројни капитални проекти, финансирсани од буџетот на Република Македонија, изјави Ставрески.

Тој додаде дека растот на градежништвото од 34 проценти е постигнат во ситуација кога во цела Европа има проблеми и стапките се негативни.

Според него, тоа покажува дека овој период се поддржаа фирмите кои работат директно во градежништвото, но и фирмите кои работат во малата индустрија и се снабдувачи на материјали и опрема за градежните компании што ги изведуваат главните градежни работи.

– Станува збор за стотици македонски фирми кои имаат директна корист од порастот на капитални инвестиции, рече Ставрески.

Реализацијата на капиталните проекти во земјава, според него, ќе ја овозможат и инвестициите за јавни патишта и оние на ЕЛЕМ, МЕПСО и на останатите претпријатија кои се надвор од буџетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП