28 април, 2024
ПочетнаСВЕТСе појавија слики од Пригожин со бизарни маски: Позира со лажна брада...

Се појавија слики од Пригожин со бизарни маски: Позира со лажна брада и перика, облечен во разни униформи(ФОТО)

Во рацијата на руската полиција на имотот на Евгениј Пригожин во Санкт Петербург наводно биле откриени прилично бизарни работи вклучувајќи фотографии од шефот на „Вагнер“, кој носи перики и лажни бради, кои целосно го промениле неговиот физички изглед.

Фотографиите предизвикаа бурни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, а повеќето од нив коментираа дека „никогаш во животот не виделе нешто посмешно“.

Инаку, фотографиите на шефот на „Вагнер“ беа објавени откако руските безбедносни служби пронајдоа плакар полн со перики при рација во неговата палата во Санкт Петербург.

Агентите на ФСБ пронајдоа и лажни бради, фалсификувани пасоши, оружје и муниција, чекан, златни шипки, препариран алигатор и врамена фотографија од наводно отсечените глави на неговите непријатели.

Касетите од рациите на крајот беа објавени во емисијата „60 минути“, која се емитуваше на руската државна телевизија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП