ПочетнаАВТОБИЗNouvair - концепт од некој друг свет

Nouvair – концепт од некој друг свет

Grey-Design-Mucha-1

Основачот на дизајнерската куќа, Едвард Греј, по концептот кој беше заснован на „Saab 9-3“ се враќа во јавноста со нова студија, инспирирана од дизајнерското движење „Art Noueau“.

Grey-Design-Mucha-2

Наречен „Nouvair“, oвој концепт носи елегантен дизајнерски јазик, чија инспирација потекнува од делото на чешкиот сликар Алфонс Муше, еден од познатите претставници на „Art Nouveau“ од крајот на XIX-тиот и почетокот на XX-тиот век.

Grey-Design-Mucha-4

Иако самиот дизајн е извонреден, се чини дека линиите на некои места се премногу комплицирани, па некои делови на автомобилот изгледаат како да се дополнително додадени, односно не се во склад со автомобилот.

Grey-Design-Mucha-3

Се разбира, сето тоа е прашање на вкус, но сепак станува збор за интересен концепт кој заслужува да му се посвети внимание. Повеќе детали за него може да очекуваме во текот на овој месец.