2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск тврди дека „вежбал иронија“ со постот за ограничување на бројот на...

Маск тврди дека „вежбал иронија“ со постот за ограничување на бројот на твитови

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, денеска изјави дека бил ироничен кога на Твитер во саботата објавил дека непроверените сметки ќе бидат ограничени на читање 600 објави дневно.

„Во уште една вежба за иронија, таа објава постави рекорд со најмногу прегледи“, напиша Маск на Твитер.

Објавата во која Маск објави во саботата дека за нови непроверени сметки бројот на читања ќе биде ограничен на 300 дневно, а дека проверените сметки ќе бидат ограничени на читање на 6.000 објави дневно, прегледана е повеќе од 452 милиони пати.

Во твитот што се покажа како „уште една вежба за иронија“, Маск изјави дека привремените ограничувања се насочени кон „екстремни нивоа на сообраќај со податоци и манипулација со системот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП