2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВо лето шансите се многу поголеми: Што ако се отруете со храна?

Во лето шансите се многу поголеми: Што ако се отруете со храна?

Во летниот период поголеми се шансите да се затруете со храна од животинско потекло која не поднесува високи температури.

Високите температури и влажноста во воздухот во летниот период придонесуваат за размножување на бактериите во храната, а најчесто се труеме со една од трите групи бактерии – салмонела, стафилокока и клостридија, кои остануваат во храната чувствителна на температура: месото, млечните производи и јајцата, но и во овошјето и зеленчукот и водата.

Најчестите симптоми на труење со храна се гадење, повраќање, грчеви, дијареа, а понекогаш и треска и температура.

Кај полесните облици на труење тешкотиите поминуваат без употреба на третман, тогаш најважно е да се замени течноста изгубена со дијареа и повраќање.

Водата, солените супи или чајот, особено камилицата или шипка, ќе го смират вашиот стомак и ќе ви обезбедат течности и изгубени електролити и минерали.

Исто така, двопекот и оризот се добар избор за иритираниот стомак после повраќање. Во случај да продолжи дијареата или повраќањето или сакате да заздравите побрзо, посегнете по активен медицински јаглен од природно потекло кој ги апсорбира токсините и гасовите од микроорганизмите во дигестивниот систем, а не ја неутрализира желудочната киселина.

Ако има крв во столицата или дијареата трае повеќе од една недела, а треската трае повеќе од два дена, треба да се консултирате со лекар.

Превенцијата е секогаш подобра од лекувањето, особено затоа што ова е состојба која многу лесно може да се избегне со следење на неколку основни упатства.

Сите се засноваат на хигиенска подготовка на храна и одржување на чисти површини и прибор. Затоа, секогаш мијте ги рацете со сапун пред да подготвите храна. Темелно гответе го месото, месните производи и јајцата, темелно измијте ги овошјето и зеленчукот и користете ја целата опрема за преработка на месо само за таа намена (затоа не користете нож за преработка на месо за преработка на зеленчук). Секогаш проверувајте го рокот на употреба на млекото и млечните производи и чувајте ги во фрижидер.

Држете се до овие основни правила и шансите за труење се минимални и покрај летните горештини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП