27 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИНов рекорден скок на еврото спроти доларот

Нов рекорден скок на еврото спроти доларот

ppppp

Со почетокот на месец Октомври проследивме и ново рекордно висока цена на еврото во однос на американскиот долар. Цената на EUR/USD се искачи на 1,3623 како и што предвидовме во претходните анализи.

Вчерашна анализа:

ooo

 

Моментална цена:

www

На графичките прикази јасно може да се види како цената формира идентични бранови со оштри свеќи во нагорен канал, секое дно (црвените квадрати) е повисоко од претходното и секој врв (плавите квадрати) е повисок од претходниот или стручно наречени “higher lows, higher highs”!

Доколку цената продолжи со идентични формации во растечкиот тренд на еврото спроти доларот, најверојатно ќе проследиме корекција до фибоначи нивоата 61,8 или 38,2% на цена 1,3555 или 1,3535 од каде повторно на сцена ќе настапат големите купувачи туркајки ја цената до нов највисок врв над 1,3623.

Нагорниот тренд трае веќе четири недели а започна како резултат на смирувањето на тензиите во Сирија, потоа договорот на САД и Русија во согласност со Сирија за уништување на хемиското оружје, намалувањето на довербата од страна на инвеститорите поради неизвесноста за спроведување на стимулативната програма на федералните резерви на САД со што и америчката валута слабее.

Трендот продолжува исто така како резултат на подобрувањето на економијата во еврозоната, како што се намалените инфлации во повеќето држави во Европа, намалувањето на невработеноста скоро во цела Европа, зголеменото производство и потрошувачка итн. со што еврото станува се посилно.

Денес на пазарот повторно се очекува брановито оштро движење поддржано со нови важни економски вести во зоната на САД, во 14:30 часот е објавата за статистика на невработеност и во 16:00 часот за производството во САД.

Доколку сте тргувале по нашите анализи од почетокот на нагорниот тренд на цена 1,3100 до моменталната цена 1,3600(разлика од 500 поени или пипа) со куповен налог на форекс сметката од 10 лота би профитирале со 50 000 долари, со големина од 1 лот заработката е 5000 долари. За микро трговците со големина од 0,1 лот профитот изнесува 500 долари или микро 0,01 лот со заработка од 50 долари.

Денес после двете важни објави на статистиките од САД ќе ви презентираме уште една анализа.

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП