24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банка - ,,10 години одговорно банкарство за македонските граѓани”

ПроКредит Банка – ,,10 години одговорно банкарство за македонските граѓани”

pro

ПроКредит Банка, прослави 10 години од своето работење во Македонија, заедно со клиентите, соработниците и тимот на банката.

За 10 годишното постоење кредитното портфолио на Банката достигна близу 200 милиони евра а депозитното 164 милиони евра. Банката опслужува 12.000 бизнис клиенти и 69.000 штедачи и е банка со најдинамичен развој во банкарскиот сектор.

Многубројните гости беа поздравени од Јованка Јолеска Поповска – Генерален директор на ПроКредит Банка Македонија, Хелен Александер – Претседател на Надзорен одбор и нејзината екселенција Гудрун Штајнакер Амбасадор на Р.Германија во Македонија.

 “10 годишното работење на Банката измина во промовирање на одговорно банкарство, унапредување на транспарентноста и инсистирање кон повисоки стандарди во банкарската услуга за единствена цел: поддршка и развој на многу малите, малите и средни бизниси и јакнење на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор” – истакна Јованка Јолеска Поповска, Генерален директор на ПроКредит Банка.

Идните планови на Банката се уште посилна поддршка кон македонските бизниси и стремеж кон подобро општество: преку поддршка на развојот на македонските бизниси и промовирање на културата на штедење во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП