3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто е ново во имиграциските регулативи за работниците во Германија?

Што е ново во имиграциските регулативи за работниците во Германија?

Недостигот од работна сила се чувствува насекаде во Германија. Кафаните немаат келнери и готвачи, градежниците немаат керамичари и водоинсталатери, а болниците немаат лекари и медицински сестри. Нема кој да ги чува старите, а компаниите не можат да го заштитат својот бизнис од хакери бидејќи нема хакери.

Сегашниот закон за имиграција на квалификувани работници во 2020 година беше усвоен од големата коалиција на Демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) на Ангела Меркел и сега владејачките Социјалдемократи (СПД) на канцеларот Олаф Шолц.

Овие промени беа очигледно недоволни и дефицитот на работници, особено високо квалификувани, продолжи да се зголемува.

Актуелната владина коалиција на СПД, Зелените и Либералите (ФДП) затоа во петокот, по бројни внатрешни борби, во Бундестагот протурка реформа на законот за работна имиграција.

Кои се главните нови прописи?

Новина е т.н карта за шанса, односно системот на индивидуално бодирање на кандидатите за имиграција на работа. Критериумите се познавање на германски јазик, работно искуство, возраст и врски со Германија. Канада со години користи сличен систем.

Во иднина, Германија ќе ги отвори вратите за ИТ професионалци дури и без диплома, под услов да ги докажат своите квалификации. Владата со ова сака да поттикне задоцнета дигитализација на општеството и економијата.

Барателите на азил со работна квалификација кои добиваат понуда за работа во иднина не мора да ја напуштат Германија и да се борат за дозвола за имиграција од странство, туку можат директно да започнат со работа. Условот е откажување на барањето за азил.

Промената е и во тоа што висококвалификувани експерти од земји надвор од Европската унија кои доаѓаат на работа во иднина ќе можат да ги донесат не само брачниот другар и децата, туку и двајцата родители, под услов да можат да ги издржуваат. Родителите нема да можат да аплицираат за социјална помош.

Кој може да има корист од новите правила?

Се очекува првите бенефиции да ги добијат германските компании, кои сега не можат да ги пополнат отворените позиции и затоа трпат загуби или не остваруваат можни профити.

Секако, бенефит ќе имаат и работниците од странство кои се надеваат на поголема плата и подобри можности за напредување во Германија. Дури и оние кои би морале да ја напуштат земјата под сегашните услови, ќе добијат можност да добијат жителство преку обука или вработување.

Кои се шансите за успех?

Фактот дека Законот за квалификувана имиграција од 2020 година не го постигна посакуваниот резултат е делумно прикриен од пандемијата, ограничувајќи ја прекуграничната мобилност.

Покрај тоа, административните барања за апликантите за работна имиграција сè уште се огромни. Постапката е толку комплицирана и бавна што многумина, вклучително и оние поканети од германската компанија, vo me]uvreme се откажаle. Тесните грла се германските амбасади и конзулати, каде кандидатите чекаат месеци, па и години, само за термин за интервју.

Што да се прави следно?

Владејачката коалиција вети дека ќе работи на поедноставување и забрзување на процедурата за влез.

Специјалниот пратеник за миграциски договори Јоаким Стамп ќе им понуди на поединечните земји квоти за имиграција на работници во Германија. Лицата од квоти ќе се доселуваат без редовната процедура, само со договор со работодавачот.

За возврат, земјите што ќе ја добијат квотата ќе се заложат за подобра соработка во прифаќањето на сопствените граѓани од Германија. Овој договор веќе постои со земјите од Западен Балкан, а регулативите го имаат колоквијалниот назив на Регулатива за Западен Балкан.

Владината коалиција ја удвојува сегашната квота за имиграција на државјани на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, од 25.000 на 50.000 работници годишно.

Преговорите за предлог-законот за имиграција на работниците уште еднаш го разоткрија несогласувањето во коалициите, пред се меѓу еколошката партија Зелените и економската ФДП. Улогата на посредник во спорот најчесто ја имаше СПД на Шолц.

Социјалдемократите сакаа да го изгласаат законот за имиграција во парламентот заедно со планираните измени на законот за државјанство, но либералите го блокираа со приговори.

Владата веќе следната недела има намера да разговара за реформа на законот за државјанство, а претстојат и дискусии за реформа на законот за воспитание и образование.

Последниот од тие два закони, според министерот за труд Хубертус Хајл, е еден од важните лостови за поттикнување на луѓето да аплицираат за работа, а не само од странство.

Реформата треба да го реши проблемот на илјадници и илјадници хронично непополнети работни места и стажирање, на пример преку субвенционирање на патувањата на кандидатите и обука на работното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП