13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали кинескиот јуан може да му ги "замрси" конците на доларот во...

Дали кинескиот јуан може да му ги “замрси” конците на доларот во светската економија?

Доларот се повеќе го губи статусот на резервна валута. На кинеската валута сега отпаѓа само седум отсто од вкупниот број меѓународни трансакции.

Значењето на Кина во светската економија дополнително се зајакна во последните 15 години, што е поврзано со интензивните обиди за интернационализација на јуанот, пред се во трговијата и финансиите.

Доларот го губи статусот на резервна валута со побрзо темпо отколку што мислат луѓето, бидејќи многу аналитичари не ги земаа во предвид промените во 2022 година. Земјите бараа алтернативи откако војната во Украина предизвика санкции против Руската Федерација. Падот на пазарниот удел на доларот како резервна валута доминантно се должи на употребата на санкции. Имено, драстичните дејствија на САД и нивните сојузници против Русија ги шокираа големите земји кои имаат резерви во долари. Дополнително, рекордната инфлација во САД ги намали очекувањата на инвеститорите во однос на приносите на американските обврзници и доведе многу земји да бараат други валути за да ги подмират плаќањата за надворешна трговија.

Како резултат на тоа, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), учеството на доларот во меѓународните резерви падна од 71 отсто во 1999 година на 58,4 отсто во четвртиот квартал од 2022 година. И покрај тоа, уделот на јуанот во глобалните девизни резерви останува помал од три проценти. Сепак, овие податоци можат да доведат до погрешни заклучоци. На пример, не сите земји известуваат за валутниот состав на нивните девизни резерви. Наместо да го користат системот за плаќање SWIFT, многу банки ќе организираат прекугранични трансфери преку стари алтернативи како телефон, факс или е-пошта.

Евидентната растечка дедоларизација е одговор на намаленото глобално влијание на САД и нивната валута. Уделот на САД во глобалниот БДП се намали од 22,1 отсто во 1986 година на 15,6 отсто во 2022 година. Придобивките од дедоларизацијата се многубројни од избегнување непотребни финансиски ризици, зголемување на приносите, заштита на средствата во странство до зголемување на економската сигурност. Сепак, доларот продолжува да доминира во глобалната трговија, вклучително и билатералната трговија која не ги вклучува САД, додека јуанот се користи само во
трансакции кои ја вклучуваат Кина.

Покрај тоа, САД ги имаат најдлабоките и најликвидните финансиски пазари во светот, кои сè уште се релативно отворени. Со доларот проценет на 88 отсто од сите меѓународни трансакции, еврото на 31, Кина е само скромен конкурент. Се проценува дека јуанот сочинува само седум отсто од вкупните меѓународни трансакции, а Кина се чини не сака да ги отвори своите пазари на капитал, бидејќи тоа може да доведе до брз одлив на капитал и можна финансиска криза. Кинеската валута не може да стане водечка резервна валута во светот ако не се укинат контролите на капиталот и девизниот курс не стане пофлексибилен.

На Пекинг му помага и новата блокчејн технологија, која постигна најголем напредок во унапредувањето, бидејќи централните банки меѓусебно поврзани преку суверени дигитални валути во суштина можат да ја рекреираат мрежата на кореспондентни банки на кои работи денешниот монетарен систем, со водечка улога на американската валута. Позицијата на американската валута ја отежнува и „вооружувањето“ на доларот и глобалниот платен систем за казнување на Русија за војната во Украина, што ги „турка“ неамериканските инвеститори да ги „прошират“ своите инвестиции.

Кина ја промовира интернационализацијата на јуанот користејќи го за прекугранични трговски плаќања, а процесот се забрзува од 2015 година. Кина потпиша договори со голем број земји за подмирување на трговските плаќања во јуани. На пример, Кина и Бразил, односно нивните централни банки, се согласија во март 2023 година да користат свои валути, наместо американски долар, за трговски порамнувања. Кина, исто така, ги потпиша истите договори со Руската Федерација, Венецуела, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Бахреин, Катар, Кувајт и Саудиска Арабија од 2016 до 2022 година. Централната банка на Кина потпиша билатерални договори за размена на валута со повеќе од 40 земји и региони , со вкупна вредност од 582 милијарди долари (владата во Пекинг овластила 31 клириншка банка во 29 земји и региони да тргуваат во кинеска валута).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП