5 мај, 2024

Затишје пред бура

ppppp

Деновиве проследуваме неизвесен пазар кај валутниот пар EUR/USD, иако се задржува нагорниот тренд над средишната историска цена1,3500 веќе се создава еден “Price Action Level” или ниво од каде цената ќе започне еден нов долготраен и оштар тренд.

На графичкиот приказ може да забележете како свеќите кои го одбележуваат историското и моменталното движење на еврото во однос на доларот, формираат еден канал составен од 3 дна (црвените квадрати) и 3 врвови (плавите квадрати) од кој секое последователно дно е повисоко од претходното и секој следен врв е повисок од претходниот што во трговската терминологија е знак дека трендот кој е во нагорно движење сеуште не е прекршен, а доколку се креира уште едно дно кое ќе е повисоко од претходното дно кое е во случајов на цена 1,3477, тогаш најверојатно ќе продолжи овој тип на движење како би се достигнал нов највисок врв на следниот отпор по наша анализа 1,3630.

eurusd_

 

Утринава може да биде “затишје пред бура” со фактот дека денес не очекува еден богат ден со многу важни економски збиднувања кои после објавените податоци ќе предизвикаат нови големи движења со насока во зависност од економските резултати.

Како прво утринава во 9:00 часот помалку или повеќе важни податоци следуваат за промената на невработеноста во Шпанија која и не може генерално да влијае на трендот при валутниот пар EUR/USD но секако ќе предизвика некое движење во ареата помеѓу 1,3530 и 1,3499, за потоа повторно да се смири се до објавата на каматната стапка во еврозоната (13:45 часот), која е еден од најважните индикатори за иднината на европската валута. “Каматната стапка нема да се промени на подолг временски период” -беше изјавата при претходната прес конференција на претседателот на европската централна банка Марио Драги. Така и предвидуваат аналитичарите а тоа единствено се должи на стабилизација на економијата во еврозоната, која им влева доверба на инвеститорите од целиот свет за купување на државни долгови и хартии од вредност во некои од економско-повредените држави во еврозоната. Исто така со непроменување на каматната стапка се зголемува позначително БДП-то, се намалува инфлацијата, се зголемува потрошувачката итн. и сето тоа влијае врз понатамошно јакнење на европската валута.

Наш предлог за денес е да не се тргува се до објавата на каматната стапка и прес конференцијата на претседателот на ЕЦБ Драги, а после сите објави внимателно да се анализира сиот фундамент и со помош на техничките анализи да се реализираат трговски налози во сооднос со пазарните услови.

Доколку цената на EUR/USD остане во нагорниот канал, најверојатно ќе достигне еден нов највисок врв до следниот отпор на 127% од фибоначи нивоата или на цена 1,3630.

Доколку пак цената падне под нивото на поддршка 1,3470 во случај на некои песимистички изјави на прес конференцијата на ЕЦБ, може да продолжи корекција со надолен тренд до ниво на поддршка 1,3380.

Вечерва касно во 21:30 часот следува уште еден економски важен евент, а тоа е говорот на претседателот на федералните резерви на САД, Бен Бернаке, каде без разлика на претходното движење на цената на EUR/USD повторно ќе ги разбуди институционалните трговци со зголемување на купо-продажни налози при форекс парот EUR/USD.

eurusd-proh4

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП