20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА бара начини да произведе храна за астронаутите во вселената

НАСА бара начини да произведе храна за астронаутите во вселената

Во научно-фантастичниот филм „Марсовец“ од 2015 година, Мет Дејмон глуми астронаут кој, случајно, останува сам на „црвената планета“ и преживува одгледувајќи компири користејќи човечки измет.

Сега, една компанија со седиште во Њујорк која произведува авионско гориво без јаглерод, го однесе менито за меѓупланетарната кујна во друга насока.

Нивната иновација ги донесе до финалето на натпреварот спонзориран од НАСА за развој на технологии од следната генерација за да ги хранат астронаутите при вселенски летови, пренесува Ројтерс.

Воздухопловната компанија со седиште во Бруклин е пионер во развојот на хранливи материи базирани на квасец, рециклирани од јаглерод диоксид што го издишуваат астронаутите за време на вселенските летови. Тие хранливи материи дополнително се користат за правење милкшејк, дизајнирани да го нахранат екипажот на долготрајните вселенски мисии.

„Тие се дефинитивно похранливи од танго“, вели ко-основачот на компанијата и главен директор за технологија Стафорд Шихан, мислејќи на пијалокот во прав кој беше популарен во 1962 година, кога Џон Глен стана првиот Американец во орбитата на Земјата.

Шихан, кој има докторат по физичка хемија на Универзитетот Јеил, вели дека првично ја развил својата технологија за конверзија на јаглерод за да произведе алкохол со висока чистота, кој би се користел како гориво за авиони, парфем и вотка.

НАСА, која го спонзорира „Space Nutrition Challenge“, го охрабрила Шихан да го прилагоди својот изум и да најде начин да произведе јадливи протеини, јаглени хидрати и масти од истиот систем.

Шихан вели дека неговиот пијалок, направен од една клетка, има конзистентност на шејк од пченичен протеин.

Неговиот вкус го споредува со сејтан, храна слична на тофу која се прави од пченичен глутен и потекнува од источноазиската кујна, а вегетаријанците ја користат како замена за месо.

Добивате сладок вкус, сличен на слад“, рече Шихан во едно интервју.

Освен за едноклеточни протеински пијалоци, истиот процес може да се користи и за замена на јаглени хидрати за леб, тестенини и тортиљи. Шихан истакнува дека неговото смути може да се надополни со други одржливи јадења за да се диверзифицира исхраната на астронаутот.

Технологијата AIRMADE, патентирана од неговата компанија, е еден од осумте победници објавени од НАСА овој месец во втората фаза од нејзиниот натпревар за вселенска храна од 750.000 долари. Последната рунда од натпреварувањето допрва доаѓа.

Другите победници вклучуваат биорегенеративен систем од лабораторија на Флорида за одгледување свеж зеленчук, печурки и ларви од инсекти кои ќе се користат како хранливи материи, процес на вештачка фотосинтеза развиен во Калифорнија за производство на храна базирана на растителни и габички и финска технологија за ферментација на гас за производство на протеини од еден извор.

Скоро 1,5 милиони долари во парична награда ќе бидат распределени меѓу победниците на финалниот натпревар.

И додека едвај некој од нив ќе се појави во водичот на Мишелин за најдобрите ресторани, тие претставуваат голем скок напред од „Танго“ и замрзнатите грицки што ги консумирале астронаутите во раните денови на патувањето во вселената.

Новите шеми за одгледување храна се повкусни и ветуваат многу подобра хранлива вредност од измислените компири на Мет Дејмон оплодени со измет во „Марсовец“.

„Идејата, за потребите на снимањето на холивудски филм, е доведена до крајност“, вели Ралф Фричи, менаџер за растително производство во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида, додавајќи дека човечкиот отпад „не е целосен извор на хранливи материи. треба да расте и да се

Одржувањето на астронаутите добро нахранети, подолги временски периоди, во ограничениот бестежински простор на вселенските летала во орбитата на Земјата долго време е предизвик за НАСА.

Во изминатите две децении, екипажот на Меѓународната вселенска станица живееше главно на претходно пакувани оброци, со некои свежи производи кои редовно се доставуваа за време на мисиите.

Тимовите на астронаутите, како што соопшти НАСА, експериментирале и со одгледување зеленчук – зелена салата, зелка, кељ и лути пиперки во орбитата.

Како што објави НАСА, за да се вратат астронаутите на Месечината и евентуално да се искористи Марс и понатамошната вселена, производството на самоодржлива храна, со минимален отпад, со минимални ресурси, е императив.

Напредокот во производството на храна во вселената, исто така, има директна врска со хранењето на се понаселената Земја, во време кога климатските промени ја прават храната поретка и потешко да се произведува, рече Фричи.

„Земјоделството во контролирана средина, првите модули што ќе ги распоредиме на Месечината, ќе имаат одредена сличност со вертикалните фарми што ќе ги правиме овде на Земјата“, рече Фричи.

Системот на Шихан започнува со земање гас на јаглерод диоксид прочистен од воздухот што го дишат астронаутите и мешање со водороден гас извлечен од водата со електролиза.

Мала количина квасец потоа се додава во добиената мешавина од алкохол и вода за да се развие обновлив извор на едноклеточни протеини и други хранливи материи.

Во суштина, истакнува Шихен, јаглерод диоксидот и водородот ја формираат алкохолната суровина за квасецот, а квасецот е храна за луѓето!“ „Ние не измислуваме производи повторно“, рече Шихан, „ние само ги правиме поодржливи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП